Дали верувате во духови? Ова се неколку алтернативни теории за природата на духовите

Низ историјата на човештвото, како и низ културите, постојат аспект на паранормалното, ги нарекуваме духови, ентитети, демони и сл. 

Dali veruvate vo duhovi 01

Овие привиди секогаш демнат во сенките и страшните места со цел да предизвикаат страв, чудење и шпекулации. Барем ние веруваме во тоа. Сепак, со сета нивна распространетост и присуство во пејзажот на човечката психа, отсекогаш постоело прашањето: што се тоа духови, каква е нивната природа? Ова се некои алтернативни теории за природата на духовите.

Според најтрадиционалните идеи духовите се души на мртвите луѓе кои, по смртта на физичкото тело, продолжуваат да живеат во нашата реалност од непознати причини.

Една од интересните загатки во врска со оваа распространета идеја, освен фактот дека не постои никаков доказ за постоењето на духовите, е што во различни религии постојат приказни за задгробниот живот.

Во секоја култура истиот е прикажан различно. Некаде се работи за форма на рај, пекол, реинкарнација и сл. И покрај сите овие различни идеи за смртта и задгробниот живот, без оглед на разликите во културите, сите зборуваат за истиот феномен.

Една алтернативна идеја за ова верување (дека духовите се души на мртвите луѓе) го вклучува концептот дека тие воопшто не се независни ентитети, туку еден вид ехо на она што некогаш постоело.

Dali veruvate vo duhovi 02

Основната идеја на оваа теорија е дека, поради некоја причина, минатите настани се втиснуваат на одредени места (како куќи, предмети и сл.) каде што се репродуцираат во форма на слики, звуци и сл. Во оваа теорија она што го гледаме не се духови, во традиционална смисла на зборот, туку остатоци на нечии сеќавања.

Друга интригантна теорија е дека духовите воопшто не доаѓаат од надворешниот свет, туку однатре.

Според оваа теорија духовите не се производ на натприродна енергија или чудни сили на природата, туку екстензии на умот кој создава, навидум, вистински конструкции преку моќта на потсвеста. Овие мисловни форми често се нарекуваат тулпи, а можат да бидат создадени и несвесно, без намера.

Dali veruvate vo duhovi 03

Една популарна теорија вели дека духовите и сличните ентитети би можеле да ја имаат својата основа во природните феномени, а не натприродните, и дека главниот виновник може да биде она што се нарекува ултра-ниски звучни бранови или инфразвук.

Овие звуци човечкиот слух не може да ги регистрира иако нашите тела ги чувствуваат. Инфразвукот создава широк спектар на физички и ментални ефекти, вклучувајќи дезориентација, вртоглавица, отежнато дишење, слабост, зголемен срцев ритам, гадење, како и емоционални и ментални нуспојави: страв, тага, паника и анксиозност.

Овие фреквенции имаат ефекти и врз перцепцијата, односно можат да предизвикаат аудио и визуелни халуцинации. Инфразвукот е честа појава и во природата, а се создава од сите видови на физички сили, како што се земјотреси, вулкани, ветер, дожд и гром.

Овие теории докажуваат дека можеби духовите се навистина само во нашата глава. Во самата човечка природа е вградена потребата да се верува во нешто, а луѓето секогаш повеќе го преферираат митот над вистината.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Фотки кои ја покажуваат надреалната убавина на природата Сте виделе ли пердув од колибри? А, сте виделе ли колку им се долги нозете на бу...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...

Најчитани неделава