Зошто пишувањето дневник е еден вид на терапија?

Иако понекогаш се чини дека запишувањето на мислите на хартија и нема многу смисла, многумина го поминале своето детство запишувајќи ги настаните во своите дневници и тетратки. Запишување на мислите на хартија има многу позитивни ефекти. Ова се неколку причини зошто ова треба сите да го правиме.

Sekoj od nas treba da pisuva dnevnik a eve i zosto 01

Пишување на дневник е добар потсетник на убавите работи што ни се случиле. Понекогаш е добро да се потсетите на сите забавни настани од минатото, кои уште еднаш ќе можете да ги доживеете во мислите, за да ги пребродите тешките времиња.

Дневникот ни овозможува отворено да ги изразиме нашите чувства и подобро да се запознаеме самите себе, без осуда или мислење на околината. Имено, познато е дека задржувањето на емоциите предизвикува психосоматски болести.

Можеби сметате дека негативните емоции ќе исчезнат доколку не ги изразуваме, но за жал ова не е вистина. Пишувањето на дневници често се користи и како еден вид на терапија.

Ни покажува колку навистина сме променети и колку сме напредувале во изминатите години.

Во повеќето случаи не сме ни свесни за тоа колку сме се измениле со текот на годините и колку сме постигнале. Со читање на дневникот ќе забележиме колку сме напредувале и колку сме станале пофлексибилни.

Меѓу другото, дневникот може да ни помогне да ја изградиме самодовербата.

Секој пат кога се чувствуваме лошо можете да:

- Напишете писмо кое ќе започне со “Драг/а јас“, во кое ќе ги напишете сите добри работи кои сте ги направиле за себе и за другите, како и сите успеси што сте ги постигнале.

- Напишете листа на вашите омилени карактеристики.

- Секој ден запишете најмалку три добри работи кои ви се случиле во текот на денот.

На овој начин го вежбате мозокот да се фокусира на позитивните работи, што секако влијае на вашата состојба.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава