Ирационални мисли и стравови кои ви создаваат најмногу емоционални проблеми

Најчесто самите со своите мисли и претпоставки успеваме да се вознемириме себе до степен што си создаваме тешки фрустрации. Треба само да ги детектираме кои се тие мисли.

iracionalni-misli-i-stravovi-koi-vi-sozdavaat-najmnogu-emocionalni-problemi-01.jpg

Човечкиот живот е преполн со ирационални мисли и претпоставки, но и многу стравови, дека ниту една наша постапка нема да биде вреднувана доволно и дека ќе ги разочараме блиските околу нас.

Ова се 12-те главни вакви мисли кои заедно со нивните варијации, може да ве доведат до непријатни емоционални проблеми:

1. Ако сакаме да се чувствуваме вредно, важно ни е мислењето на оние кои ни се блиски.

2. Ако не сме исклучителни во тоа што го правиме, тогаш вредиме помалку од другите.

3. Луѓето кои се злобни треба да бидат казнети за нивните дела.

4. Неподносливо е и ужасно кога нештата не одат на начин како што би сакале.

5. Човечките несреќи се предизвикани од надворешни околности и според тоа, малку е тоа што можеме да го направиме за да влијаеме врз одредени исходи.

iracionalni-misli-i-stravovi-koi-vi-sozdavaat-najmnogu-emocionalni-problemi-02.jpg

6. Ако нешто е или може да стане опасно и застрашувачко, мора постојано да се плашиме од тоа.

7. Полесно е да се избегнат некои животни одговорности, наместо да се соочиме со нив.

8. Разумно е и здраво да зависиме од посилните и да се надеваме дека секогаш може да се потпреме на нив.

9. Нашето минато го одредува однесувањето во сегашноста - нешто што влијаело некогаш врз нас, ќе влијае засекогаш.

iracionalni-misli-i-stravovi-koi-vi-sozdavaat-najmnogu-emocionalni-problemi-03.jpg

10. Потребно е да се вознемируваме и од туѓите судбини за да покажеме човечност.

11. Секогаш постои решение кое самото ќе дојде и не треба да правиме ништо, додека тоа да се појави.

12. Не треба да ги преиспитуваме убедувањата на оние кои се фактор и авторитет во општеството.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
12 фотки направени во „вистински“ момент - Ќе ги протриете очите за да сфатите што гледате Умот понекогаш си игра со нас, особено кога ќе видиме нешто, па мора да застанем...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...

Најчитани неделава