Што да направите и како да се изборите со себе кога ви недостига некој што веќе не е во вашиот живот?

Понекогаш, колку и да сме свесни дека некоја личност поради некаква причина веќе не е дел од нашиот живот, не можеме да се избориме со чувството дека ни недостига.

shto-da-napravite-i-kako-da-se-izborite-so-sebe-koga-nekoj-navistina-vi-nedostiga-01.jpg

Можеби нè потсетил некој мирис, некоја песна или пак, ситуација во која сте препознале нешто заедничко. Чувството, иако минливо, во моментот е навистина болно и реалноста е дека не постои еден единствен и универзален начин на кој можете да се изборите против него.

Но, можете да се обидете да си помогнете сами, во зависност од ситуацијата.

Ова се неколку совети за најчестите ситуации во кои некој ви недостасува:

Ви недостига некој кој живее далеку

На сите ни се случило некој што ни е близок, било да е пријател или роднина, да се пресели барем во друг град, а често и во друга држава или на другиот крај од светот.

Иако знаете дека тоа го направиле за да им биде подобро, не можете да си помогнете со себичното чувство да ги сакате покрај себе, бидејќи ви недостигаат таквите личности.

За среќа, денеска постојат социјалните мрежи кои поради лесната достапност на комуникацијата, продолжуваат да ја одржуваат илузијата на блискоста. Велиме илузија, бидејќи ништо не може да ја замени физичката блискост.

Ако имате доволно финансиски можности, можете да планирате и посети барем еднаш во годината.

Друга опција е да се зближите уште повеќе со луѓето кои се останати географски блиску до вас, бидејќи многу често се прави фатална грешка и се одржува близок однос на далечина, додека реално останатите блиски односи се запоставени.

Ви недостига поранешен партнер

Ова може да се случи дури и ако вие сте биле личноста која ја прекинала врската или пак ако бившиот партнер бил вистински идиот. Доброто кај ваквото недостигање е што внатрешниот инстинкт ве „тера“ да го скриете од сите социјални мрежи и да го сведете неговото појавување пред ваши очи на минимум, па и на нула.

Искористете ги опциите „hide from timeline“ или „mute“, па дури и ако треба архивирајте ги сите пораки и мејлови, за да ви бидат што помалку видливи.

На тој начин, може само повремено да се сетите на поранешниот партнер и да ви текне само на тоа што ве разделило од него, но не и на оние квалитети што ве држеле претходно заедно.

Во меѓувреме, почнете поинтензивни дружења со пријателите, посветете се на некое хоби и поврзете се со луѓе кои навистина ве ценат.

shto-da-napravite-i-kako-da-se-izborite-so-sebe-koga-nekoj-navistina-vi-nedostiga-02.jpg

Ви недостига пријател со кој сте намалиле контакт

Можеби во основно или средно училиште мислевте дека тие пријатели ви се за цел живот, но откако почнавте на студии и со работа и професионален развој, вашите патишта продолжија во различни насоки.

Секое враќање дома или поминување во близина на училиштето и местата каде сте излегувале ве потсетува на едно друго време и нормално е да ве фаќа носталгија. Сепак, размислете на ризиците од повторната комуникација.

Подготвени ли сте на тоа вашиот пријател од детството денеска да е претворен во нешто сосема друго? Дека можеби нема толку да ви се допадне? Сте размислиле ли дека ви недостига само идејата што ја имате врз основа на спомените, а не самата личност?

Помирете се со тоа дека дури и да го обновите пријателството, тоа ќе има сосема друг контекст. Да, прифатливо е некогаш да успеете да се договорите да испиете кафе, но не треба да вложувате надежи дека нештата ќе бидат како некогаш.

Ви недостига некој кој починал

Ова е најтешкото сценарио од сите, бидејќи од оваа точка нема враќање. Некогаш смртта доаѓа изненадно, а некогаш ни зема некого што го сакаме по долго боледување. Во овој случај треба да си дадете доволно време за да ја преживеете тагата и загубата.

Следен чекор е да се соочите со новонастанатата реалност во која таа личност веќе ја нема од вашиот живот и да се потрудите да зачувате што повеќе спомени од убавите и среќни времиња.

Искористете го овој период да се посветите на нешто креативно и пренасочете ја својата енергија во конструктивни цели.

shto-da-napravite-i-kako-da-se-izborite-so-sebe-koga-nekoj-navistina-vi-nedostiga-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg