Како да се справите со финансиски итен случај?

Фондот за итни случаи е од суштинско значење кога се работи за нашата финансиска слобода.

Kako da se spravite so finansiski iten sluchaj 01

Но, многумина од нас живеат плата за плата - едни поради ниските примања, други поради претерано и непотребно трошење. Заклучокот е дека и во едната и во другата ситуација немаме заштеда што би ни се нашла во време на финансиска криза.

Иако културата на штедење е нешто што мора да се воспостави и одржи, веројатноста е дека немате предвидено средства за вонредна ситуација.

Што да направите кога ќе се случи неочекуван финансиски итен случај?

Останете позитивни

Последното нешто што треба да го направите во ваков момент е да паничите. Многу луѓе се вознемируваат или обесхрабруваат кога се случува неочекувана финансиска вонредна ситуација, но реакцијата на ваков начин само ќе ги влоши работите.

Важно е да останете смирени, ладни и прибрани за да почнете да размислувате во насока на проценка на ситуацијата и да дојдете до најдоброто решение.

Средете го вашиот финансиски живот

Првото нешто што ќе го забележите за време на финансиска криза, покрај тоа што ви недостасуваат пари, е дека од секаде никнуваат трошоци. Најпрво мора да сте свесни за тоа како стоите финансиски и да ги подредите приоритетите.

Важно е да ги препознаете вашите потреби и желби, и да давате приоритет врз основа на овие две категории. Прво погрижете се за потребите, а потоа задоволете си ги желбите. Знаејќи го ова ќе одлучите како најдобро да ги распределите средствата што ги имате во моментов.

Разгледајте ги сите опции

Откако ќе го доведете вашиот финансиски живот во ред и ќе ги разберете вашите потреби и желби, добра идеја е да ги разгледате сите ваши опции, пред да почнат да се таложат камати и дополнителни трошоци. Се што треба да направите е да се јавите и да најавите задоцнето плаќање. Ќе бидете изненадени колку од овие барања ќе бидат одобрени.

Секако, не треба да се потпрете на оваа информација и да заостанете со кредитот цела година; тука зборуваме за инцидентни ситуации кои не се повторуваат постојано.

Намалете ги трошоците

Понекогаш не препознаваме дека малиот проток може да потоне голем брод. Во вонредна финансиска состојба, треба да ја исклучите можноста да потрошите дополнителни пари за нешто неважно.

Потребно е да ги намалите трошоците во краток рок за да се опоравите и да го обновите (или изградите) вашиот фонд за итни случаи.

Обидете се да заработите дополнителен приход

Технологијата стана одличен начин да изградите и промовирате сопствен бизнис, како и да заработите дополнителни средства поради лесниот пристап до голема маса на луѓе.

Ова е одлична опција, бидејќи не само што ќе ви овозможи да направите екстра пари за да го изградите вашиот фонд за вонредни состојби, туку може да ви помогне да избегнете финансиски итни случаи во иднина.

Позајмете

Ако сè друго не успее, тогаш можеби е време да побарате помош од вашите пријатели и семејството. Ова можеби не е идеално за повеќето, но кога се соочувате со итен случај, тоа може да биде вашата најдобра опција.

Позајмувањето од пријателите и семејството може да создаде притисок во вашите односи, па затоа пристапете со почит и не заборавајте да го вратите долгот колку што е можно побрзо.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава