Психолошки експерименти кои довеле до промена во разбирањето на човековата психа

Зборот експеримент многумина го поврзуваат со негативна конотација, со право. Постојат многу експерименти, извршувани во името на науката кои биле садистички, нехумани или неморални.

Psiholoski-eksprerimenti-koi-dovele-do-promena-vo-razbiranjeto-_na-covekovata-psiha-01_630x340.jpg

Сепак, неспорно е дека многу од овие експерименти довеле до промени во разбирањето на човековата психа.

Денес, за среќа, психолозите користат многу похумани начини за истражување, а главното оружје им се психолошките тестови и психолошките експерименти, преку кои се доаѓа до заклучок за човековото однесување.

Ова се неколку интересни експерименти кои довеле до промена на разбирањето на човековата психа:

Апатија на набљудувачот / ефект на набљудувачот

Психолошкиот феномен, познат како апатија на набљудувачот, вели дека шансата некој да ви помогне е поголема доколку нема никој во близина или доколку има многу малку луѓе.

Кога има повеќе луѓе во близина, обично се смета дека некој друг ќе застане и помогне, што значи дека вие не мора ништо да правите. Ова однесување научниците го нарекуваат дисперзија на одговорност.

Некои психолози тврдат дека за овој феномен е одговорна пристојноста, односно, мислење дека е несоодветно да се гледаат другите луѓе во јавноста. Како резултат на тоа, во големи групи, минувачите се обидуваат да не гледаат премногу околу себе и да ги игнорираат луѓето околу нив.

Експеримент со куклата Бобо

Во 1961 година, Алберт Бандура направи експеримент со кукла за надувување, наречена Бобо, за да докаже дека човечкото однесување потекнува од социјална имитација, а не од наследните генетски фактори.

Во експериментот учествувале деца на возраст од 37 до 69 месеци. Тој поставил три групи, едната била изложена на возрасни луѓе кои покажувале агресивно однесување кон куклата Бобо, другите биле изложен на возрасни луѓе кои тивко се играле со куклата Бобо, додека третата група била контролна.

Резултатите покажале дека децата кои биле изложени на агресивниот модел во повеќето случаи покажале агресивно однесување кон куклата, наспроти децата кои биле изложени на пасивната игра со куклата.

Ашов експеримент

Во овој експеримент на испитаниците им се покажува една линија, која потоа треба да ја споредат со три други линии и да ја пронајдат соодветната големина. Делува едноставно, нели?

Но повеќето испитаници укажувале на погрешната линија, бидејќи во просторијата престојувале неколку актери кои го избирале погрешниот одговор пред испитаникот.

Резултатите од овој експеримент јасно покажуваат дека луѓето попрво ќе се адаптираат на околината, отколку да го дадат точниот одговор, односно своето мислење. Дури 80% од луѓето ја бираат погрешната линија, што е јасен доказ дека сме под влијание на конформизмот повеќе отколку што мислиме.

Клавир скали

Се работи за психолошки експеримент, кој имаше намера да докаже дека навиките на луѓето можат да се променат.

Во 2009 година, во метрото во Стокхолм, Шведска, скалите биле претворени во целосно функционален клавир. Секој пат кога некој би застанал на одредена скала, истата би ја свирела таа нота. Тој ден повеќе од 66% од луѓето ги користеле овие скали, наместо подвижните скали.

Не правиме ли сè поради себе и за себе, особено кога сакаме да се забавуваме?

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Волшебници, астрономи, филозофи, јасновидци - кои биле древните друиди? Друидите биле членови на образована, професионална класа на луѓе меѓу келтските ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg