18 ефикасни начини како да се справите со негативноста

Удирајте во перница или некој друг мек предмет по ваш избор. Легнете на кревет, олабавете ги мускулите и дозволете му на умот да лута.

18-efikasni-nachini-kako-da-se-spravite-so-negativnosta-01_resize.jpeg

Не е тајна дека потиснувањето на емоциите е штетно. Глумењето среќа е контрапродуктивно.

Потиснувањето на негативните емоции може да доведе до експлозија, затоа мора да се ослободувате од нив.

Како да се справите со негативноста:

- Направете листа на сѐ што не чини во вашиот живот и тоа ќе направи да разберете зошто се чувствувате така како што се чувствувате.

- Иако е тешко направете листа на сите постигнувања на кои сте горди и дадете си признание за тоа.

- Изгубете се во некој друг свет преку читање на книга.

- Давајте им комплименти на другите луѓе и покажете им поддршка, ќе направи да се чувствувате добро.

- Направете плејлиста од вашите омилени среќни песни.

- Удирајте во перница или некој друг мек предмет по ваш избор.

- Легнете на кревет, олабавете ги мускулите и дозволете му на умот да лута.

- Изгледајте некој филм комедија што ќе ви стави насмевка на лицето.

18-efikasni-nachini-kako-da-se-spravite-so-negativnosta-02_resize.jpeg

- Гледајте смешни видеа на Јутуб.

- Реорганизирајте го вашиот дом и направете го колку што можете попријатен и потопол.

- Направете си шолја од омиленото кафе/чај.

- Вежбајте и играјте игри кои ви го стимулираат умот.

- Одете во кревет еден или два часа порано од вообичаеното.

- Кога сте лути пишувајте писма до луѓето што ве повредиле, но не ги праќајте.

- Напишете кратка приказна за личност која минува низ слична ситуација со вас.

- Кога е темно зјапајте во ѕвездите.

- Правете нешто во кое сте уживале како дете.

- Напишете си љубовно писмо до себе.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
8 знаци дека генерацијата Z веќе не ги прифаќа старите начини на работа (и како ги смени со нови нор... Одбиваат менаџерски позиции, не остануваат долго на една позиција, инсистираат н...
9 ситуации кога треба да се справите со (непријатни) продавачи, низ илустрации Дали продавачи пробале да ве убедуваат дека нешто ви стои одлично само за да го ...

Најчитани неделава