Троја помеѓу легендата и фактите - која е вистината?

Што знаеме за легендарниот град Троја, чии рушевини биле ископани во текот на изминатите 150 години? Знаеме дека се наоѓал во западна Турција, недалеку од модерниот град Чанакале на устието на теснецот Дардарнели. Знаеме дека позицијата на градот била клучна за контролирање на трговските патишта кон Црното Море. 

Troja pomegu legendata i faktite 01

Приказната за овој митски град, уништен по десетгодишната војна, со векови ги инспирирал поетите, писателите и уметниците, како и историчарите и археолозите.

Единствениот историски извор, во кој се опишува Тројанската војна, е „Илијадата“ и „Одисејата“, епот на слепиот поет Хомер од 8 век п.н.е. Но што е Троја – поетска фикција или историски град од минатото? Дали и Хомер е измислен лик или сепак бил вистинска личност? Овие прашања привлекуваат големо внимание, а во овој текст ќе се обидеме да ги одделиме фактите од фикцијата.

Троја е историски град. Ова го докажа човек кој уште како седумгодишно момче бил опседнат со приказните од „Илијадата“, а се работи за Хајнрих Шлиман. Шилман бил цел живот фасциниран од Троја и Хомер.

Иако јавноста го исмевала неговото верување во вистинитоста на епот, сметајќи дека „Илијада“ е само колекција на легенди и измислена приказна, Шлиман ја користел книгата како „туристички водич“. Тој верувал дека ќе ја пронајде Хомеровата Троја.

Шилман успеа да пронајде закопано богатство од огромна вредност - околу илјада златни предмети. Но кога му се приклучи во ископувањата археологот Вилхелм Дорпфелд, и двајцата почнале да се сомневаат во постоењето на само една Троја.

Утврдено е дека златото му припаѓало на културниот слој на Троја II, која е постара од Хомер околу илјада години. До денес се утврдени девет главни културни слоеви, девет Троји, а подетални студии покажаа дека постоеле околу четириесет различни фази.

Тројата на Хомер е означена како Троја VI и Троја VII А.

Troja pomegu legendata i faktite 02

Во 1992 година, тимовите од универзитетите во Синсинати и Тубинген, опремени со најсовремена опрема, пронајдоа нови откритија.

Во слојот на Троја VI е откриена длабока бразда која води до долниот град. Ова откритие беше важно, бидејќи се сметаше дека Хомеровата Троја била премногу мала, додека вака зголемена навистина можела да биде Троја која Ахејците ја напаѓале десет години.

Тројанската војна веројатно се случила, иако причината веројатно не била убавата Хелена. Војна можела да биде борба за доминација над оваа комерцијална и стратешко значајна област, а киднапирањето на Хелена, доколку навистина се случило, можеби било само мотив.

Troja pomegu legendata i faktite 03

Археолошкиот локалитет Троја е додаден на списокот на светското наследство во 1998 година.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...

Најчитани неделава