„Hellfire Club“ – вистината за масонската група на аристократи кои уживале во пијани оргии и коцкање

И покрај озлогласеноста на организацијата позната како „Hellfire“ клуб, истата постоеше релативно кратко во Ирска, од 1737 до раните 1740-ти години. Сепак, организацијата е и понатаму во јавната свест. Ако ги прашате луѓето што знаат за клубот „Hellfire“, многумина ќе ги опишат како . Но колку од овие приказни се измислени и дали воопшто таква група постоела?

Dobredojdovte vo klubot Hellfire satiricniot klub na ozloglasenite dzentlmeni 01

Малку е познато кој прв излезе со концепт на клуб како „Hellfire Club“. Терминот се однесува првенствено на неколку клубови посветени на социјалната класа и аристократијата на подрачјето на Велика Британија и Ирска во 18-ти век.

Првиот клуб е основан во 1719 во Лондон од страна на Филип Вартон, додека најпознатата гранка на овој клуб беше основана од Сер Френсис Дашвуд. Овие клубови покрај машките членови имале и женски членови, што била реткост кога станува збор за клубови и затворени типови на друштва.

Филип Вартон бил истакнат политичар, бунтовник и пијаница. Состаноците што ги организираше во рамките на клубот „Hellfire“ се состоеле од разни теми за кои се дискутираше, како политика, поезија или филозофија. Членовите најчесто се собираа во неделата на различни локации низ Лондон.

Во клубовите се зборело и за религиозните, културните и моралните трендови во тоа време, поради што добиваат епитет на сатиричен клуб на џентлмени. Поради оваа причина често биле обвинети за богохулење и сатанизам од страна на јавноста.

Dobredojdovte vo klubot Hellfire satiricniot klub na ozloglasenite dzentlmeni 02

Се разбира, никогаш немало докази за сатанистичките обвиненија, туку сè завршувало со претпоставки. Откако се затвори неговиот клуб, Вартон стана член на масонското друштво во 1722 година.

За разлика од Филип Вартон, верзијата на „Hellfire“ клубот на Френсис Дешвуд беше многу посериозна. Неговиот клуб првично броеше околу дванаесет членови, а подоцна се прошири на поголем број. Членовите беа и познати личности од тоа време, какое Вилијам Хогарт, англиски сликар и капелан, Џон Вилкс, новинар и политичар…

Според пишувањата на историчарот Хорас Валпол, членовите на клубот се изјаснувале како пагани, а најпочитуваните божества биле Бахус и Венера. Во куќата на Дешвуд бие пронајдени бројни скулптури и жртвеници кои се користеле за ритуални цели.

Состаноците ги одржуваа двапати месечно со еден годишен собир кој траеше една недела (во текот на јуни или септември).

Dobredojdovte vo klubot Hellfire satiricniot klub na ozloglasenite dzentlmeni 03

Пештерата кај Вест Викомб, каде се одржувале состаноците на овој клуб, денес е еден вид на туристичка атракција, позната како пештерата на пеколниот клуб.

Влезот во пештерата е дизајниран да изгледа како готска катедрала. Внатрешноста е богато декорирана, а секоја просторија е создадена за одреден ритуален чин. На крајот од коридорот обично се наоѓа симболична река, реката Стикс, завршувајќи со Внатрешниот храм, точно 90 метри под црквата (црквата Св. Лоренс), која се наоѓа на површината.

Кога генерално зборуваме за културата на тајните друштва и клубови не можеме да го игнорираме фактот дека САД сè уште имаат посебен однос кон оваа социјална рамка. Општо е познато дека многу успешни студенти влегуваат во братства и сестринства на нивните универзитети, што претставува одреден начин на создавање на успешни млади луѓе на едно место, изолирани од остатокот од општеството.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...
„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна... „Живееме во Да Нанг и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклуч...

Најчитани неделава