4 изгубени богатства кои луѓето сé уште ги бараат

Веројатно некои од вас како деца го имаат барано изгубеното богатство пред зградата или во градините и парковите. Ова понекогаш не е само детска игра, бидејќи многу возрасни луѓе и денес бараат изгубени богатства. 

4 izgubeni bogatstva koi lugeto se uste gi baraat 01

Некои од овие вредни, изгубени артефакти, кои ветуваат натприродни моќи, бесмртност, или едноставно вредат милиони долари, не ни постојат.

Понекогаш овие потраги завршуваат со успех, а понекогаш луѓето ги губат животите трагајќи по нив…

Ова се некои од изгубените богатства кои луѓето сè уште ги бараат:

Јантарна соба

Германските и руските архитекти во 1701 година почнаа со изградбата на величествената соба полна со јантар (или килибар, фосилна смола која се користи за изработка накит), за да ја претстават на прускиот крал.

Собата е завршена во 1717 година, а во истата се додадени повеќе скапоцени камења. Потоа легендарната јантарна соба е преместувана уште неколку пати во Втората светска војна.

Во 1941 година собата се наоѓала во селото Царскоје, кое го нападнале и ограбиле нацистите. Германските војници ја демолираа и ја однесоа во Кенигсберг, Германија каде ѝ се губи секоја трага.

По тешките воздушни напади во 1945 година, собата е запалена во еден замок. Сепак, многу луѓе шпекулираа дека собата не е уништена, туку само изгубена. Една од најпопуларните теории е дека собата се наоѓа на дното на Балтичкото море. Еден дел од собата е дури и пронајден.

Поради својата уникатна убавина, јантарната соба вреди околу 250 милиони долари, а пред војната се нарекувала и „осмото светско чудо“. Иако нејзината судбина можеби засекогаш ќе остане тајна, многу ловци на богатство сè уште не се откажуваат од потрагата.

4 izgubeni bogatstva koi lugeto se uste gi baraat 02

Изгубениот рудник на златото (Lost Dutchman’s Gold Mine)

Според легендата, рудникот на златото е скриен во југозападниот дел на САД. Рудникот бил именуван по Јаков Валц, кој наводно, го открил во 19 век. Според легендата, Валц оставил неколку траги за локацијата на рудникот, и вети дека ќе однесе барем едно лице таму додека е жив, иако никогаш не го сторил тоа.

Овие приказни ги инспирирале луѓето да ги бараат изгубените холандски рудници, и овој лов на богатство сè уште трае.

4 izgubeni bogatstva koi lugeto se uste gi baraat 03

Богатство на островот Оук

Во 1795 година, тројца тинејџери откриле дека земјата на едниот дел од островот Оук (Нова Шкотска, Канада) е различна, односно помека отколку во другите делови. Бидејќи веројатно немале ништо друго да прават, решиле да копаат на тоа место и да видат што ќе се случи. На нивно изненадување откриле низа камени плочи со ознаки кои биле закопани таму.

Вестите за нивното откритие брзо се прошириле и наскоро сите почнаа да копаат во потрага по богатство, иако никој не знаеше дали воопшто постои. Неколку групи луѓе отишле на островот да ја пробаат својата среќа, а еден од нив ископал толку длабока дупка што дури предизвикал поплави и големи штети на островот.

Откриен е и камен со чудни симболи кои се преведени како: „четириесет метри подолу се закопани 2.000.000 фунти“.

Каменот со симболите исчезна во 20-от век, а никој не е сигурен колку бил автентичен. Потрагата по богатството на островот Оук сè уште е во тек.

4 izgubeni bogatstva koi lugeto se uste gi baraat 04

Фаберже јајца

Речиси сите слушнале за украсените јајца Фаберже, колекцијата на велигденските јајца направени од Карл Петар Фаберже за руските императори во периодот помеѓу 1885 и 1917 година. Но дали знаевте дека постојат 8 јајца кои не се дел од царската колекција, а секое од нив вреди повеќе од 30 милиони долари?

Од 65 познати Фаберже јајца денес постојат 57. На 42 јајца им се познати локациите и сопствениците, додека за останатите 8 постои само документација и неколку слики.

4 izgubeni bogatstva koi lugeto se uste gi baraat 05

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg