Каква историја и симболика кријат лавиринтите?

Концептот на лавиринтот, како разгранета структура со многу испреплетени линии без очигледна патека или излез, долго време ги фасцинира луѓето. Истовремено претставувајќи предизвик за човечкиот ум и снаодливост, се користи како симболична репрезентација за постигнување на одредени цели. 

Kakva istorija i simbolika krijat lavirintite 01

Симболизмот на лавиринтот е разгранет и комплексен, како и самиот лавиринт. Овој концепт го користеле многу древни цивилизации, мистици, племиња и езотерици. Дознајте нешто повеќе за историјата и симболиката на, навидум, безизлезните лавиринти.

Најочигледната симболика на структурата на лавиринтот е патувањето, а со тоа и протокот на времето и постигнувањето на одредена цел и промена. Секое патување, во суштина, е вид на симболична и буквална промена.

Гледано од духовна страна, во некои традиции лавиринтот служи како симболичен аџилак кон светата земја.

Се претпоставува дека поставувањето на лавиринтите пред некој објект ќе ги спречи злите духови да влезат во светиот или заштитениот простор.

Во некои традиции лавиринтот се смета за симбол на мистична иницијација, додека кружни и циклични форми често претставуваат реинкарнација или воскресение.

Движењето кон центарот на лавиринтот може да се идентификува со влегување во сопствената потсвест, доаѓање во контакт со „внатрешното јас“. Од друга страна, движењето од центарот до надворешните рабови на лавиринт претставува ширење на мистични увиди и еманација на космосот.

Kakva istorija i simbolika krijat lavirintite 02

Поради сите овие симболички причини лавиринтите во мистичните и духовните традиции обично не биле премногу разгранети и огромни. Нивната главна цел била првенствено да му помогнат на човекот да ги визуализира космичките и мистичните процеси.

Дури подоцнежните лавиринти почнуваат да се замислуваат како предизвици за човековите способности и координација во просторот.

Првото и најпознатото споменување на овој концепт може да се пронајде во митската приказна за лавиринтот во Кносос на Крит, изграден од Дедал, каде живеел ужасниот Минотаур.

Научниците сè уште го бараат овој лавиринт, бидејќи веруваат дека зад легендата за Тезеј и Минотаурот се крие дел од историската вистина.

Kakva istorija i simbolika krijat lavirintite 03

Покрај културите на Медитеранот, лавиринтите биле познати и кај некои индијански племиња од Северна Америка и Индија.

Во средниот век, а потоа и во некои христијански катедрали, се создаваат лавиринтски обрасци на подот на црквите. Се претпоставува дека минување низ овие лавиринти служело како замена за далечните аџилаци.

Kakva istorija i simbolika krijat lavirintite 04

Интересно е што овој концепт (на лавиринт) може да се пронајде во, речиси, сите делови на светот, во различни варијанти, од Северна, Централна и Јужна Америка, до Непал, Австралија и Индонезија.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи кои треба да ги сфатите пред да наполните 40 години (ако сте доволно паметни) „Ако запознаете некој што е попаметен од вас, соработувајте со него/неа. Натпрев...
Бизарни методи за утврдување бременост што се користеле во минатото Од проверување на бојата на женските гениталии, до уринирање врз јачмен и пченка...
Дишење опасни гасови, хероин: Бизарни лекови за настинка и грип од минатото Во минатото, луѓето верувале дека со испуштање крв, телото се чисти од токсини, ...
Пиење по работа со колегите и шефот: Што е „nomikai“ во Јапонија и го практикуваме ли и кај нас? Во Јапонија, пиењето со клиенти или колеги се смета за знак на лојалност кон ком...

Најчитани неделава