Носталгија и копнеж кон старите добри времиња - дали животот навистина бил подобар порано?

Дали некогаш сте помислиле дека ова време не е за вас и дека би било подобро кога би биле родени една деценија или еден век порано? Мислите ли дека луѓето биле онакви какви ги замислуваме во тоа време? 

Nostalgija kopnez kon podobrite stari vreminja i utopija 01

Дека ги ценеле вистинските вредности, дека музиката била подобра и дека животот не бил толку тежок? Дали носталгично ги гледате жолтеникавите фотографии на вашите родители облечени во модата на тоа време?

Мислите ли дека тие денови биле поубави и поедноставни, како што потврдуваат и нивните приказни од младоста? Постојат неколку имиња за ова - оптимизмот на меморијата, идеализацијата на минатото, розовата ретроспектива и носталгија.

Дали животот навистина бил подобар порано?

Зборот носталгија е формиран со спојување на грчките зборови nostos (враќање дома) и algos (болка). Зборот за првпат го употребува Ј. Хофер, студент по медицина, во неговата дисертација во 1688 година.

Со зборот носталгија тој сакал да го опише копнежот по домот што швајцарските платеници го чувствувале борејќи се во странство.

Воените лекари носталгијата ја третирале како болест предизвикана од оштетување на увото или мозокот, од силен звук на ѕвона. На носталгичните војниците им било забрането да ги пеат своите народни песни за да не ги „разболат“ и другите. Овие забрани биле толку сериозни што дури се казнувале со смрт.

Четириесет години пред тоа, во Триесетгодишната војна, шест шпански војници биле пуштени дома, бидејќи страдале од „el mal de corazón“, болката за татковината.

До 19-от век ова чувство станало топос на книжевноста на романтизмот. Концепти слични на носталгијата се појавуваат во културите низ целиот свет.

Nostalgija kopnez kon podobrite stari vreminja i utopija 02

„Saudade“ во Португалија означува длабока емоција, која најдобро може да се опише како меланхолична желба за некој близок или за нешто што веројатно никогаш нема да се повтори. Најчестата тема на песните, што припаѓаат на музичкиот жанр фадо, е „Saudade“.

„Sehnsucht“ е германски збор кој означува копнеж или желба. Некои психолози го користат за да ги опишат мислите и чувствата за несовршеноста на сите аспекти на животот, заедно со утописката желба за идеали.

„Mono no aware“ е јапонски термин кој значи да се биде свесен за минливоста и непостојаноста на сè, нежна тага предизвикана од непроменливиот факт дека сè е променливо.

Во западното општество и во денешното време носталгијата веќе нема негативна конотација. Кога е балансирана го подобрува расположението и нè поврзува со другите.

Сеќавањето на „старите добри времиња“ е вградено во нашиот секојдневен живот, од Фејсбук, кој нè потсетува на нашите постари објави, до семејните фотографии кои сите ги имаме на полиците или на ѕидот.

Nostalgija kopnez kon podobrite stari vreminja i utopija 03

Со ова најчесто се идеализира минатото, односно сеќавањето на минатите настани како подобри отколку што всушност беа.

Генерално, деведесеттите години не биле најсреќниот период на нашата историја, особено во политичка и економска смисла.

Постарите генерации тврдат дека животот бил поинаков кога тие биле млади, поради што своето чувство на „подобриот живот“ го пренесуваат на своите деца. Па така и ние сметаме дека порано навистина бил подобар животот, иако не сме живееле во тој одреден период, па реално не можеме да знаеме.

Ова важи и за колективната меморија. Пример за ова е идеализација на 50-тите години на 20-тиот век во САД. Медиумите овој период го презентирале како ера на модата, на иконите како Мерлин Монро, убавите семејни куќи со совршените тревници и слично.

Вистински американски сон, доколку сте бели и богати мажи. Доколку сте, на пример, црна жена која работи како помошничка во нечија куќа, и не до толку.

Nostalgija kopnez kon podobrite stari vreminja i utopija 04

Луѓето често се жалат на новите генерации кои не знаат што е морал и култура. Истото го правел и Аристотел во своето време. Од антиката до денес се создавале многу дела во кои се повторувала истата жалба, па се поставува прашањето: колку првата генерација на луѓе била добра и безгрешна кога со секоја следна генерација светот пропаѓа?

Доколку секоја претходна генерација била подобра од следната, како и зошто новите генерации не знаат што е морал и култура, кога „подобрата“ генерација ги воспитувала?

Друго т.н. денешно чудовиште е модерната технологија, Интернет и друштвените мрежи кои нè оддалечуваат и ни даваат повеќе информации отколку што ни треба. Истите грижи постоеле и кога за прв пат била произведена печатарската машина.

Луѓето повторно биле многу загрижени во 18-от век, кога весниците станале популарни и повторно, кога радиото станало популарно.

Nostalgija kopnez kon podobrite stari vreminja i utopija 05

Како што можете да претпоставите, истото важело и за телевизијата, уредот кој го загрозувал радиото, разговорот, читањето…

Проблемот е и во отфрлањето на традиционалните вредности, па денес на помалку луѓе влијае познатиот слоган „што ќе речат луѓето?“.

Времето се менува, како и животниот стил. Утописко златно доба никогаш не постоело. Денешното време има многу лоши страни, но ги имало и порано, а се чини дека луѓето отсекогаш биле исти.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg