Влијание на скапите брендови

vlijanieto-na-skapite-brendovi-vrz-licnosta-povekjeПризнајте. Ако сте од оние кои имаат Мерцедес или БМВ кога ќе седнете позади воланот се чувствувате помалку снобовски. Сигурно мислевте дека сте посебни...

 

...затоа што успеавте да отидете на скијање во Швајцарија.

Несомнено ви беше супер кога се покажавте пред сите дека меѓу првите имате iPhone. Не сте единствени.

Општо е познато дека имиџот на одредена марка или бренд на предмети кои ги користиме има големо влијание на тоа како се доживуваме самите себе, но новото истражување сугерира на нешто посериозно – склони сме да ја менуваме сопствената личност за да се прилагодиме на „личноста“ на одреден бренд.

Deborah Roedder John, професорка по маркетинг од Минесота е еден од авторите на споменатото истражување.

Ова однесување го опишува вака: „На пример, ако сакам да се прикажам себе си како личност со авантуристички дух, би можела да си купам мотор Харли, или да носам модели од фирма која произведува облека за активности на отворено како што е REI“.

Ако купите Харли дали навистина се сметате за авантуристички дух?

Во еден дел од истражувањето биле ангажирани 100 волонтерки, жени од 18 до 34 години кои во трговски центар требале 1 час да носат ќеса за купување по свој избор.

vlijanieto-na-skapite-brendovi-vrz-licnosta

Вреќичките на себе имале лого од одредени брендови како Victoria's Secret, Old Navy и Limited Too. Сите се одлучиле за ќесичките Victoria's Secret. После 1 час морале да објаснат како се чувствувале додека се шетале со нив низ трговскиот центар.

Истражувачите заклучиле дека личноста позади Victoria's Secret – секси, гламурозна, женствена, ја прави секоја жена да се чувствува исто така.

Ако сте личност која мисли и верува дека одреден бренд ќе ја направи „погламурозна“, „поженствена“ и „посекси“ тогаш и навистина ќе биде така.

Тоа се нарекува „теорија на ентитетот“ и во овој случај таа укажува дека вие сте личност која бара производи кои ќе направат да се чувствува како што посакувате.

Ако не сте личност која верува дека одреден бренд може да влијае на вашата самодоверба тогаш спаѓате во доменот на „инкрементална теорија“.

Се покажало дека ако сакате да бидете гламурозни, и ако се чувствувате така кога носите на пример - парче Викторијас Сикрет, ќе го имате истото чувство иако немате на себе ништо од овој бренд, а едноставно само се шетате со брендирана кесичка.

Би можело да ве интересира:

14 фото-докази од ситуации кога природата создала магични моменти Замислете – кршите јајце и од него излегуваат две жолчки. Или очекувате огромна ...
Искрени илустрации кои се доказ дека да се биде возрасен значи само добро да се преправаш Во ресторани барате здрави намирници, а кај мама дома уживате во домашните палач...
„Живеам на Алјаска, каде температурите во зима се -40˚C – се греам на дрва, носам волнена долна обле... Американецот Џош Спајс веќе 16 години живее на Алјаска и за него температурите к...
Летни маки што им се добро познати на сите кои живеат во град, низ илустрации Треба психички да се подготвиме пред секое влегување во автомобил, а кога навече...
Очувот ја силувал кога била дете, користела дрога за да се справи со болката: Тажниот живот на богат... Правнуката на основачот на Гучи, Александра Зарини, го тужи нејзиниот поранеше о...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg