Стапици кои ни ги поставува нашиот ум

Психолозите знаат дека причината зошто се однесуваме на одреден начин се наоѓа во нашиот сопствен ум. Постојат многу психолошки трикови кои влијаат врз нас, поради кои се однесуваме на одреден начин и правиме одредени работи, а да не сме ни свесни за тоа.

Veruvame deka svetot se deli na dobro i zlo 01

Па, така веруваме дека светот се дели на добро и зло, дека хороскопот прецизно ја одредува нашата личност или дека никој не може да нè разбере.

Ова се неколку стапици кои ни ги поставува нашиот сопствен ум:

Светот се дели на добро и зло

„Сè е црно или бело, нема ништо помеѓу, и секој ден е полош“. Ако размислувате на овој начин тоа значи дека станавте затвореници на овој тип на размислување.

Не треба да ги оценувате ситуациите и луѓето според категорија добро или лошо, црно или бело.

Професијата нè одредува

Често нашето знаење за одредена професија и претставниците на истата влијаат на нашиот однос кон таа личност. На пример, за лекар од Англија во нашиот ум се создаваат две предрасуди: сите Англичани сакаат чај и сите лекари имаат ужасен ракопис.

Ефектот е значително посилен доколку веќе познаваме Англичани кои пијат чај и кои имаат лош ракопис.

Veruvame deka svetot se deli na dobro i zlo 02

Ме чита како отворена книга

Веруваме дека нашата способност да ги разбереме другите и можноста тие да нè разберат е поголема отколку што всушност е.

На пример, доколку почнеме да се потиме кога лажеме претпоставиме дека нашиот соговорник ќе го забележи тоа и дека знае дека лажеме.

Хороскопот ја одредува личноста

Многупати кога читаме хороскоп наоѓаме податоци кои во целост ја опишуваат нашата личност. Всушност, карактеристиките кои се користат во хороскопот можат да се применат на сите луѓе од едноставна причина: тие не содржат ништо конкретно.

Овој ефект се нарекува ефектот на Барнум, и е именуван според американскиот водител кој е познат по психолошките манипулации.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...

Најчитани неделава