Дaли ние сме најплашливата генерација во историјата?

Постојат легитимни стравови како, на пример, страв од тероризам, но од каде потекнуваат стравови од епидемии, бегалци, технологија или одредени видови на храна? 

Nie sme najplaslivata generacija vo istorijata 01

Гледано историски и на глобално ниво, живееме во услови на минимална агресија, суровост и насилство во општеството. Сепак, нашите ирационални стравови и понатаму постојат. Овие стравови се повеќе присутни кај луѓето кои се во лоша економска ситуација или се помалку образовани.

Стравот е неопходна емоција која извршува една функција - предвидување на опасноста. Некои стравови се универзални и поттикнати од: недостаток на рамнотежа, темнина, силни звуци. Другите имаат врска со учењето: учиме да се плашиме од летање или од остри предмети.

Проблемот се јавува кога стравот постои без вистинска опасност. Ова се нарекува анксиозност, а анксиозноста е најчестиот проблем во современото општество.

Колку закани, толку стравови

Медиумите имаат голема улога во пренесувањето на ова чувство. Обично нè информираат за постоечките закани со кои немаме вистински контакт и кои влијаат на мал број луѓе што ги познаваме.

Постои заеднички страв од економска криза и невработеност која се шири преку медиумите.

Тероризмот создава голем страв во општествата, но и покрај страшните и вознемирувачки напади, почести се жртвите на сообраќајните несреќи.

Од лошата проценка на ризикот доаѓа уште еден чуден факт - повеќе се плашиме да патуваме со авион отколку со автомобил, иако се многу почести автомобилските несреќи.

Постои и страв од поинакво, имигрантско, чудно. Живееме распнати помеѓу стравот од примитивниот живот, прикажан многупати преку непознатото, и стравот од иднината во која доминира технологијата.

Nie sme najplaslivata generacija vo istorijata 02

Технологијата постојано се развива со голема брзина на која треба да се адаптираме, што во нас создава нестабилност.

Се плашиме од она што нè изненадува, од она што не можеме да го разбереме или надминеме, се плашиме од криза, технологија, глобализација. Живееме во ера која го претставува преминот кон новото време, што создава чувство на голема неизвесност.

Недостаток на силни општествени врски и недостаток на комуникација чини да се чувствуваме изложено на светските ризици, иако сме заштитени.

Nie-sme-najplaslivata-generacija-vo-istorijata-03.jpg

Многу пати стравовите се користат за продавање на одредени производи, контрола и манипулација. Пример за ова е неоснованиот страв од Евреите кој го користеле нацистите во нивното политичко движење.

Постојат повеќе начини за борба против стравот. Важно е да откриете кои се вашите вистински стравови и да ги одделите од стравот од непознато. Ова не е лесно, но мора да се обидете да разликувате кога овој страв е оправдан или поврзан со одреден корен, а кога е неоснован.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...

Најчитани неделава