Како да препознаете емоционално прејадување?

Консумирање на три главни оброци и две закуски во текот на денот е модел на исхрана што се покажа како најпогоден за многумина. Поради нашите работни обврски, секојдневниот стрес и настаните со кои се соочуваме, често ги прескокнуваме оброците, за потоа да се прејадеме.

Kako da prepoznaete emocionalno prejaduvanje 01

Дали сте се запрашале колку вашите емоции влијаат на обемот и бројот на оброците? Знаете ли како да препознаете емоционално прејадување?

Здодевност

Недостаток на обврски и активности во текот на денот понекогаш ни оставаат премногу слободно време кое не знаеме да го исполниме. Многу луѓе јадат кога им е здодевно, но наместо да јадете нездрави закуски фокусирајте ја енергијата на нешто корисно.

Прочитајте книга, исчистете го станот, прошетајте го миленичето или посветете му се на вашето хоби.

Стрес

Кога доживуваме стрес поради зголемување на обемот на работата, во нас се создава чувство дека ако внесеме повеќе калории ќе бидеме попродуктивни. Ситуацијата е уште полоша кога, поради недостиг на време, консумираме брза и нездрава храна или енергетски пијалаци.

На организмот повеќе ќе му одговара избалансиран оброк во вид на зеленчук и овошје, кои содржат витамини и ја подобруваат вашата концентрација.

Kako da prepoznaete emocionalno prejaduvanje 02

Јадење додека гледаме телевизија

Кога седиме удобно на каучот и гледаме филм, или го користиме компјутерот, имаме навика да грицкаме и мезиме. Поради фокусирање на она што е на екранот често го губиме чувството на количеството на храната.

Телевизиските реклами, исто така, имаат големо влијание врз апетитот.

Околина

Дали во вашето друштво имате луѓе кои секое излегување го завршуваат во ресторанот за брза храна или со кои често консумирате храна кога се собирате заедно?

Дури и да не сте гладни нема да можете да се одолеете кога ќе се најдете во присуство на оние кои постојано џвакаат нешто.

Kako da prepoznaete emocionalno prejaduvanje 03

Тага

Често излезот од психолошките тешкотии го бараме во храната, со што се обидуваме да ја пополниме емоционалната празнина.

Понекогаш ни е потребна омилената храна или чоколадо за да ги наполниме батериите, но ако овој дефанзивен механизам стане секојдневен, време е да се соочите со вистинскиот проблем и да ги промените навиките.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Јадат 10.000 калории дневно, тежат по 150kg и носат 5XL облека: Како изгледа животот во „престолнина... „Овде е нормално да бидете дебели, луѓето не слабеат бидејќи никој не ги осудува...

Најчитани неделава