Сте слушнале ли за „Книги за пријателство" или Фејсбук на 16-от век?

Во шеснаесеттиот век благородниците од северна Европа биле далеку пред своето време, што се однесува до друштвените мрежи. Во 1560 година младите луѓе од денешна Холандија и областа околу Рајна не разменувале дигитални „лајкови“ и „твитови“, но имале начин да ги споделат своите мисли и коментари, да бараат совети и да уживаат во одредена песна која се слушала во тоа време. Ова било нарекувано „alba amicorum“ или во превод „книга за пријателство“.

Ste slusnale li za Knigi za prijatelstvo ili fejsbuk na 16 ot vek 01

Овој тренд го започнале младите мажи кои ги напуштиле своите домови за да патуваат низ Европа и да ги посетат научниците и универзитетите, како дел од нивното високо образование.

Кога би се сретнале со филозоф, научник или колега, им давале книги за пријателство за да напишат кратка забелешка, за да го документираат состанокот. Се ангажирале и истакнатите уметници за додавање на илустрации во овие книги.

Жените во тоа време најчесто немале можност да патуваат, но и тие воделе книги за пријателства кои биле повеќе лични и кои откривале повеќе од оние што ги собирале мажите.

Ste slusnale li za Knigi za prijatelstvo ili fejsbuk na 16 ot vek 02

Во нивните книги тие цртале, споделувале тајни, пишувале шеги и ги озборувале нивните љубовни кандидати. Како резултат на префрлањето од пријателка на пријателка, овие книги биле помалку фотогенични и уредни за разлика од машките книги.

Женските книги за пријателство обично биле полни со грди, пренатрупани страници каде што повеќе од 15 луѓе го пишувале своето име, мото или кратка изрека.

Ste slusnale li za Knigi za prijatelstvo ili fejsbuk na 16 ot vek 04

Наместо линкови и гифови книгите го содржеле текстот на новата, популарна песна, лична поезија или илустрација. Се пишувале и заеднички белешки кога некој би стапил во брак.

Ste slusnale li za Knigi za prijatelstvo ili fejsbuk na 16 ot vek 03

Книгата на пријателство била начин да се покаже кој бил популарен, колку имал пријатели, познаници и други општествени врски. Како и модерните друштвени мрежи, но повеќе илустрирани и повеќе луксузни.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава