Зошто позитивните афирмации се корисни во нашиот живот?

Мислам дека од мали нозе треба да не учат дека секој кажан збор, секоја мисла што ни се мотка во главата и сите монолози што се дел од нас се всушност афирмации.

zosto pozitivnite afirmacii se korisni vo zivotot 3

А, ако се прашуваме што е афирмација, одговорот е многу едноставен. Афирмација е нешто што потврдуваме. И од тој нераскинлив процес на повторување го создаваме светот околу нас и животот што го живееме.

Оние кои не се запознаени со ова, сигурно на почетокот ќе им биде збунувачко. Но, верувајте, треба да сфатите дека ние постојано афирмираме во животот.

Без разлика дали сме исполнети со љубов или страв, љубомора или милост, ние одново и одново ги вртиме запчаниците на афирмација. Или ако треба да кажеме од некоја друга перспектива, афирмација може да се дефинира и како нашата намера, која е претворена во зборови или мисли, а исто така е измешана и со емоции.

И буквално влијае на нашето опкружување, а пред сè лично на нам.

zosto pozitivnite afirmacii se korisni vo zivotot 2

Ако нештата добија појасна форма, треба да продолжиме понатаму. За целосно да се разбере ова, мора да кажеме дека ние како човечки битија секојдневно во нашата глава имаме десетици илјади мисли, кои како рој пчели ни летаат во главата.

Понекогаш се толку бучни, што не можеме никако да ги скротиме. Лошо е тоа што во себе ги храниме негативните мисли кои ни се пресликуваат во реалноста. Затоа, постепено да ги отстраниме лошите мисли, љубоморните нагони и навреди за да може да започнеме нова страница на нашето постоење.

zosto pozitivnite afirmacii se korisni vo zivotot 1

За да се случи тоа, мора љубезно да се однесуваме спрема сите, а пред сè спрема себеси. И да запомниме позитивно да размислуваме ако сакаме да доживееме побогати искуства што однатре ќе нè исполнуваат. Со секое употребување на реченицата Јас сум… ние менуваме многу нешта. Ова е една од најмоќните зборовни комбинации што постои во универзумот.

На овој начин од корен може да се смени вибрацијата што произлегува од нас, ама затоа нашата намера, емоција и мисла треба да се на иста бранова должина.

Наместо секојдневно да упатуваме негативни мисли кои се впиваат во нашата потсвест, време е да употребуваме позитивно афирмации за да си овозможиме живот каков што посакуваме.

zosto pozitivnite afirmacii se korisni vo zivotot 5

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава