Грабежот на Мона Лиза: Како ремек делото на Да Винчи станало најпопуларно на светот?

Дали „Мона Лиза“ е навистина десетпати поубава од која било друга слика? Никој не верува во ова тврдење. Засега немаме прецизни начини да го измериме „квалитетот на уметноста“, но кога станува збор за популарноста, ситуацијата е значително поинаква. 

grabezot-na-mona-liza-kako-remek-deloto-na-da-vinci-stanalo-najpopularno-na-svetot01.jpg

Можеме да кажеме дека „Мона Лиза“ е навистина најпопуларната слика во светот. Се наоѓа во музејот Лувр, а дури 80% од луѓето што доаѓаат во оваа институција го прават тоа исклучиво за да го видат ремек-делото на Леонардо да Винчи.

Но, Мона Лиза го немала секогаш овој статус. Како ремек делото на Леонардо да Винчи стана најпознатата слика во светот?

Се верува дека сликата била создадена во периодот од 1503 до 1506 година. Малку кој во тоа време знаел за неа, сè до почетокот на 20-от век. Иако сликата била во собата на Наполеон, а подоцна и во Лувр, Мона Лиза не била најпопуларна слика во музејот.

Англискиот критичар Волтер Пејтер сакал да ја крене нејзината популарност, па напишал есеј за Мона Лиза со кој ја промовирал сликата во интелектуалните кругови на Европа.

Оскар Вајлд е само еден од најголемите почитувачи на сликата на Леонардо да Винчи. Сепак, тоа не било доволно да се здобие со популарноста што ја има денес. За ова бил одговорен грабежот на Мона Лиза.

Грабежот се случил во 1911 година, кога градежниот работник, Винченцо Перуџа, инаку вработен во компанија која повремено работела за Лувр, заедно со неговите другари ја украле сликата.

Mona Liza Kako remek deloto na Leonardo stana najpoznatata slika vo svetot 02

Веста за грабежот одекнала низ целиот свет, што ја направило Мона Лиза ултра популарна.

Центарот на Париз бил залепен со постери со слика на мистериозна дама, што само го зголемило интересот на јавноста за Мона Лиза, а кога конечно била пронајдена, две години подоцна, луѓето од цела Европа сакале да ја видат сликата во живо.

Грабежот се случил од патриотски причини. Имено, Перуџа и неговите пријатели сметале дека ова ремек-дело на ренесансата заслужува да биде во нивната татковина, каде што и настанало.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...

Најчитани неделава