Најбизарната љубовна приказна: Дали и Гала, брилијантните лудаци во сопствената бајка

„Ја нарекувам мојата сопруга Гала, Галушка, Олива, поради овалниот облик на лицето и маслинеста боја на нејзината кожа… Понекогаш Оливета, Бурибета, Сулиуета и Лиуета. Ја нарекувам и Лајонет, бидејќи е како лав кога ќе се налути.“

Najbizarnata ljubovna prikazna Dali i Gala briljantnite ludaci vo sopstvenata bajka 01

На овој начин Дали ја сакал својата жена: лудо, опсесивно, крваво, до болка, до смрт, простувајќи ѝ сè.

Големиот Шпанец живеел 84 години, а единствената жена во неговиот живот била Гала, со која живеел 53 години. Ова е вистинската бајка за двајца „лудаци“ поврзани во неразделно суштество, ова е највпечатливата, најбизарната и најромантичната љубовна приказна на 20-от век. Приказната за Салвадор Дали и Гала...

Гала, всушност, се викала Елена Ивановна Диаконова, била убава Русинка од Казан, мистериозна, страсна и интуитивна жена, атрактивна дама со црни очи, омилена во круговите на интелектуалната елита.

Гала имала способност да го „намириса“ креативниот гениј на километар. Често се дружела со уметниците, ги охрабрувала и инспирирала. Таа верувала дека животот секогаш треба да претставува одмазда, освојување или конечна победа.

Гала била во брак со францускиот поет, Пол Едуард, со кого имала и ќерка, Сесил, но наместо спокојно пристаниште за неа оваа врска претставувала само „билет“ за познанство со големите уметници од тоа време.

Гала секогаш сакала да флертува, имала желба за внимание, секс и додворување, па аферите биле составен дел од нејзиниот живот. Била поврзана со Макс Ернст, Рене Чар, Рене Кревел... И тогаш се сретнала со 25-годишниот Салвадор Дали, сосема необичен, ексцентричен и цела деценија помлад од неа.

Во својот дневник Дали го опишал тој прв момент, таа експлозивна средба која ги одредила нивните животи.

„Судено ѝ е да биде мојата Градива, онаа која ќе ме турка напред, мојата победа, мојата сопруга“. И навистина, од тогаш па сè до смртта на Гала, Дали ја сакал до сржта.

Najbizarnata ljubovna prikazna Dali i Gala briljantnite ludaci vo sopstvenata bajka 02

Постои еден мит, за кои подоцна Дали признал дека е вистина. Приказната раскажува како легендарниот сликар, пред да замине на состанок со убавата Русинка, се намачкал со сопствена крв, ја растргнал облеката и мирисал на рибјо лепило.

„Тоа беше момент на слабост и лудило и тоа го опиша моето чувство пред да се запознаам со Гала. Да, бев сосема луд пред неа. Таа создаде вистински мистицизам и класицизам од мојот живот. Можеби никој нема да поверува, но немам водено љубов со ниту една жена освен со неа.“

За Дали Гала била неисцрпна и вечна инспирација, тајна состојка на среќата во неговиот живот. Таа се поставила како негов вистински придружник, сојузник и пријател, но исто така и добар организатор, асистент и адвокат, всушност еден вид менаџер.

Љубовта на Дали и Гала била голема, но исто така и крајно луда, полна со гревови и контрадикции. Гала била контроверзна, мистериозна, агресивна жена, тешка за комуникација. Таа секогаш сакала да им контрира на луѓето, дури и кога се сложувала со нив.

Najbizarnata ljubovna prikazna Dali i Gala briljantnite ludaci vo sopstvenata bajka 03

Гала секогаш била гладна за внимание и секогаш била опкружена со млади љубовници. Дали ѝ дозволувал да има афери, дури и ја охрабрувал. Верувале или не, Гала имала љубовници и во длабоката старост, кога имала 70, односно 80 години.

Многумина не ја сакале, ја опишувале како жена со лош темперамент, одвратна и сурова.

Најголемата казна за Дали била смртта на Гала и живот без неа. Животот на Дали го изгубил своето значење и насока, тој повеќе немал компас, не јадел, си го гребел лицето, врескал и плачел и никогаш повторно не сликал.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава