Чудни работи што ги прават луѓето кои живеат сами

Повеќето луѓе веруваат дека со добри цимери можат да прават добри журки. Се чини дека токму тоа е остварување на сонот. Но, кога ќе помине овој сон, кој во пракса е обично кошмар, секој сака да живее сам.

Cudni raboti sto lugeto koi ziveat sami gi pravat 01

Покрај слободата што ја носи, луѓето кои живеат сами често прават „чудни“ работи.

Ова се некои работи кои ги прават и разбираат само луѓе што живеат сами:

Секој што живее сам ќе почне да разговара сам со себе и ќе ги менува гласовите. И искрено, ќе се смее многу, многу гласно, па дури и кога нешто не е смешно.

Но ова не е проблем, бидејќи комуникацијата е важна за секое човечко суштество.

Проблем се јавува кога наместо да вечераат ќе решат да изедат цела торта или сладолед, бидејќи нема кој да ги спречи во оваа неразумна одлука.

Кога сме веќе кај храната, кога живеете сами, целиот простор некако станува место за јадење. Често пати садовите не се измиени, па се јаде со раце. Сепак, никој не гледа.

Бидејќи никој не гледа, човекот честопати ќе биде само во долна облека или целосно гол. Ова е една од најчестите сцени во животот без цимер, гол човек со лаптоп во скут.

Cudni raboti sto lugeto koi ziveat sami gi pravat 02

Викендот може да биде фатален, не поради излегување, туку бидејќи тогаш најчесто никој нема обврски, а кога живеете сами нема кој да ве разбуди. Будење околу 13 часот воопшто не е необично.

Кога долго време нема да видат друго човечко суштество потребно им е малку време да се адаптираат на комуникацијата со другите луѓе. Па така можат да се чувствуваат како да се во видео игра кога излегуваат меѓу луѓето.

Постојат уште „маани“ на животот во осаменост. Често забораваат дали го земале клучот или дали ја исклучиле пеглата, бидејќи нема кој да провери.

Кога живеете сами можете да се туширате долго, колку што сакате, и можете да го чистите станот во 2 наутро, ако сметате дека е потребно.

Cudni raboti sto lugeto koi ziveat sami gi pravat 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава