Весна е божица на пролетта: најпознатите женски ликови во словенската митологија

За жал, не знаеме многу за митологијата на старите Словени, но она што го знаеме е дека содржат разновидни женски ликови, како и живописни обичаи кои произлегуваат од старата религија. 

Najpoznatite zenski likovi vo slovenskata mitologija 01

Бидејќи не постојат многу пишани извори за словенската митологија, она што го знаеме не е целосно потврдено. Пишаните извори се појавуваат по доаѓањето на христијанските мисионери во земјите населени од Словените.

Она што успеавме да го дознаеме е зачувано преку орална нарација, во списите на мисионерите и во остатоците од храмовите и религиозните локалитети.

Во словенската митологија постојат одредени женски ликови, т.е. божици, како и митолошки суштества кои се сметаат за женски. Ова се некои од нив.

Жива (Сива)

За оваа божица се поврзуваат концептите на животот и плодноста. Претставена е како жена со златна или сина коса. Нејзиниот придружник е Световид, еден од словенечките богови.

Можеме да најдеме паралела со нордиската митологија во една приказна во која злите духови ја отсекуваат нејзината златна коса, а потоа Световид ѝ дава нова. Во нордиската митологија Локи ја отсекува златната коса на божицата Сиф, за потоа да добие нова.

Жива или Сива можеме да ја поврземе со есен, но ритуалите поврзани со оваа божица не се поврзани само со оваа сезона.

Najpoznatite zenski likovi vo slovenskata mitologija 02

Лада

Лада е божицата на летото, љубовта и убавината. Таа ја поминува зимата во „светот на мртвите“ до пролетната рамноденица, а потоа се враќа во „овој свет“.

Повторно можеме да најдеме паралела со митологиите на другите народи. Фреја (во нордиската митологија) поминува еден дел од годината во подземниот свет, меѓу џуџињата, додека грчката Персефона живее во Хадес во текот на зимскиот период.

Како божица на плодноста, и како пролетен и летен носител, нејзините функции се мешаат со функциите на Жива и Весна и тешко се разликуваат.

Najpoznatite zenski likovi vo slovenskata mitologija 03

Весна

Весна е божица на пролетта и младоста. Претставена е како млада девојка во бела облека украсена со цвеќиња. Претставува спротивност на смрт и зима (претставени од Морана).

Весна и Морана се борат секоја година за доминација пред зимските и пролетните промени. Народот секогаш сакал да победи Весна, па за таа цел ја носеле куклата на Весна на гранките, додека куклата на Морана била потопена во реката или запалена.

Оваа борба се повторува секоја година, во редовен циклус.

Како нејзини потомци се спомнуваат Геровит (богот на војната) и Стрибог (богот на воздухот и ветерот). Постојат и празници посветени на оваа божица кои биле префрлени во христијанството, како Младенци.

Najpoznatite zenski likovi vo slovenskata mitologija 04

Морана (Морена)

Оваа божица се поврзува со зимата и смртта. Ритуалите со кои западните Словени ја чекале пролетта вклучувале изработка на кукла од слама, која се носела во селото, а потоа се уништувала на различни начини (горење, фрлање во вода...).

Овој обред постоел кај сите словенски народи, во различни варијации. Се верувало дека уништувањето на куклата ќе донесе брзо пристигнување на летото, ќе го спаси селото од поплави и пожари, ќе ги заштити луѓето од смрт и ќе обезбеди среќни бракови.

Според руските легенди Морана живее во палата на огледала до која се доаѓа преку Калиновскиот мост. Се вели дека мостот ги поврзува двата брега на реката без дно, а палатата ја чуваат змии.

Najpoznatite zenski likovi vo slovenskata mitologija 05

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...

Најчитани неделава