Хеланки, бисери, пердуви...Мажите порано биле подотерани од жените

Концептот на мажественоста се менувал со годините, па така порано било популарно мажите да носат хеланки, бисери, пердуви и сл. за да покажат богатство и моќ.

Helanki biseri perduvi Mazite porano se ureduvale poveke od zenite 01

Ова го прават и денес, само малку посуптилно. Поделбата на машка и женска облека, гледајќи ја пошироката слика во историјата на облекувањето, е, всушност, многу кревка.

Покрај тоа, факт е дека мажите во поголемиот дел од историјата биле облечени поженствено од жените.

Ренесанса

На почетокот на ренесансата машката мода имала сосема поинаков пристап од онаа на 20-тиот век, а камоли на 21-от век.

Во тоа време момчињата имале омилена комбинација: тесни чорапи, блузи со широки ракави, кратки јакни, понекогаш туника (за разлика од нив, жените биле строго сокриени под големите слоеви на фустани).

Ренесансните момци носеле јакни со дебел кожен појас околу половината и голема наметка до бедрата, а понекогаш и подот. Како да се спречи паѓањето на наметката? Се разбира, со елегантно копче.

Високите рамења давале впечаток на моќ, што е случај и денес - со посилни раменици дејствуваме посилно. Слично било и во Стариот Рим, каде што секогаш се носела иста облека, исклучително долго парче текстил завиткано преку рамениците.

Helanki biseri perduvi Mazite porano se ureduvale poveke od zenite 02

Еден од најмодерните мажи бил кралот Францис I (1494-1547). Препознатлив бил по обемната свилена ткаенина и златен ѓердан. Хит биле и ракави од чипка, јакни стегнати во половината и тесни чорапи украсени со резби.

Во ренесансата се појавиле и панталони-здолништа, кои биле тесни околу половината на бедрата, како и наметки украсени со кадифени детали.

Луксузен накит и мини фустан

Една од модните икони во историјата бил и англискиот крал Хенри VIII (1491-1457). На сликите можеме да го видиме неговиот раскошен накит и стил, кој е прикажан во многу серии и филмови.

На портретите се нагласува овој луксуз, како и популарните хеланки кои потсетуваат на денешниот мини фустан.

Helanki biseri perduvi Mazite porano se ureduvale poveke od zenite 03

Врвот на кичот е дефиниран во барокниот период. Токму затоа и денес велат дека нешто е барок, ако е пренагласено. Во тоа време мажите носеле бели перики, често со препознатливи кадрици на страна. Ова бил препознатлив изглед на тоа време.

Постоеле и ефективни комбинации во 20 век. Приказната продолжува во седумдесеттите години, кога во фокусот на машката мода се пронајде трапезот, високиот струк и тесните костими.

Покрај тоа, биле популарни и силните бои. За ова е делумно „крив“ Џон Траволта, со филмот „Saturday night fever“. Кога излезе овој филм во 1977 година, сите мажи сакале да се облекуваат и да танцуваат како Џон Траволта.

Helanki biseri perduvi Mazite porano se ureduvale poveke od zenite 04

Иконите на машката мода биле и Bee Gees, кои во тоа време носеле тесни панталони, златни јакни, сатенски кошули и кадифени костуми.

Музичката икона Дејвид Боуви имал екстремно експресивен стил на облекување, кој визуелно ја поддржувал неговата музичка кариера.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg