Сид и Ненси - најмрачната љубовна приказна за панкерските Ромео и Јулија

Ромео и Јулија на панкот, Сид и Ненси, починале трагично пред 41 година. Ненси била пронајдена мртва во хотелската соба, а три месеци по нејзината смрт пронајдено е и телото на Сид Вишес. 

Sid i Nensi Najmracnata ljubovna prikazna za pankerskite Romeo i Julija 01

Џон Сајмон Ричи (познат како Сид Вишес) е роден на 10 мај, 1957 година, во Лондон, а денес би имал 62 години. Кои биле Сид Вишес и Ненси Спанджен и зошто ги сметаат за панкерските Ромео и Јулија?

Познат по својата нервозна и бунтовна личност, неуредна појава и однесување, Сид Вишес бил идеален избор за басист на Sex Pistols. Иако не знаел да свири, популарниот британски панк-бенд го поканил токму поради неговиот див карактер.

Вишес на тој начин станал најпрепознатливиот член на бендот. Настапите му влегле во крвта, па тој често цела ноќ свирел песни од бендот Рамонс.

Без оглед на музичките способности и фактот што членовите на бендот понекогаш го гаснеле неговото појачало, тој бил легендата на бендот.

Sex Pistols се основани во 1975 година. Нивните песни изразувале незадоволство од социјалните и политичките услови во тоа време. Бендот немал волја или желба да создава хитови, туку свиреле за себе.

Sid i Nensi Najmracnata ljubovna prikazna za pankerskite Romeo i Julija 02

Тие никогаш не ја криеле својата природа. Во едно телевизиско интервју во 1976 година, биле толку непристојни што нивната издавачка куќа им дала отказ.

Покрај музичката кариера, Сид останал запаметен и по познатата љубовна приказна со Ненси Спанджен, чие тело било пронајдено во соба број 100, во хотелот Челзи.

Сид ја запознал Ненси во седумдесеттите години. Таа била девојка која ја напуштила Филаделфија на 17 години за да патува во Њујорк, работејќи како стриптизета и проститутка.

Отсекогаш била хиперактивна и агресивна, а лекарите ѝ дијагностицирале многу болести, од биполарно растројство до шизофренија. Животниот сон на Ненси бил да живее со музичари, не за слава и пари, туку за уживање во таквиот животен стил.

Sid i Nensi Najmracnata ljubovna prikazna za pankerskite Romeo i Julija 03

Кога имала 19 години го запознала Сид, а оттогаш Сид и Ненси станале неразделни. Нивната врска била исполнета со караници, борби, дрога и алкохол. По распадот на Sex Pistols, за кој многумина ја обвинувале Ненси, парот се преселил во Њујорк.

Ненси се претставувала како менаџер на Вишес. Ги организирала настапите кои не ја воодушевувале публиката, бидејќи Сид, во тоа време, бил постојано дрогиран. И двајцата едно време се обидувале да се откажат од дрога, но секогаш им се враќале на старите навики и хероин.

Кога бил уапсен, во 1978 година, Сид ги гледал луѓето околу себе, како ништо да не му е јасно. Во хотелот Челзи, во кој многу уметници поминувале време, било пронајдено мртвото тело на Ненси.

Кога Сид бил уапсен поради убиство, тој не се сеќавал на ништо, само плачел и викал дека не е виновен. Ненси имала само 20 години.

Неколку месеци по смртта на Ненси, Сид, исто така починал од предозирање со хероин.

За трагичниот пар се напишани многу книги и снимени се многу филмови. Сид и Ненси се сè уште еден од најпознатите парови во светот.

Смртта на Ненси никогаш не била целосно истражена, а што точно се случило таа трагична вечер, во хотелот Челзи, во соба број 100, веројатно никогаш нема да дознаеме.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg