5 навики што можете да ги „украдете“ од Елтон Џон

Англискиот пејач, текстописец, пијанист и композитор ги воодушевува сите генерации поголемиот дел од неговиот живот.

5-naviki-shto-mozhete-da-gi-ukradete-od-elton-dzon-01.jpg

Роден како Реџиналд Кенет Двајт, во доцните 1940-ти, Елтон Џон има продадено над 300 милиони албуми, обезбедувајќи си ја титулата како еден од најсаканите и најпознатите изведувачи во историјата.

И покрај богатството проценето на околу 500 милиони долари, Елтон Џон е познат по неговата скромност и дарежливост. Иако можеби ги знаете речиси сите негови песни, веројатно не ги знаете секојдневните навики што го направиле Елтон ѕвездата што е денес.

Па, погледнете кои се навиките што можете да ги „украдете“ од оваа неверојатна личност.

1. Тој го признава својот неуспех

Артистите често споделуваат колку живо се чувствуваат кога изведуваат, но и колку е поразлично кога ќе се симнат од сцената и кога не се во центарот на вниманието.

За Џон, најсреќното место е пред публика, но штом се гаселе светлата, тој се чувствувал несигурно. Сакал да биде совршен сè додека не сфатил дека вистинскиот дар е едноставно да биде свој.

Тој споделил како морало да доживее неуспех за да ја изгради неговата сила.

„Штом ги добив овие награди, почнав да ги губам и, уште полошо, почнав да се губам себеси. Мојата човечност почна да се распаѓа во многуте дроги и алкохол. Славата, која на прв поглед изгледа како благослов, наскоро се покажа и како клетва. Се плашам дека реагирав многу лошо. Станав алчна личност – себична и неповрзана. Ова води кон болна втора лекција, онаа што ја научив кога сè правев погрешно. Добриот лидер има морален интегритет што ги преживува и успехот и неуспехот.“

2. Ја следи својата страст

Кога ќе размислите за вашиот живот, веројатно има моменти кога ѕвездите биле во поволна положба, вашето срце било полно со оган и сте знаеле дека го правите она што треба. За Џон, овој момент бил кога имал 3 години и кога за прв пат го слушнал Елвис Присли. Во овој момент нешто се променило во него.

Она што Џон им го препорачува на сите е да го откријат она што ги движи и да одат по него најжестоко што можат.

„Првата лекција што ја научив е важноста од наоѓањето и следењето на страста. Во овој поглед бев среќен уште од почетокот. Не постои права линија до успехот, а ја немав ни јас. Татко ми, на пример, мислеше дека кариерата во музика е нешто незамисливо и неприфатливо. Но јас се држев до тоа и го најдов она што го сакам. Ми понуди радост и материјално богатство поголемо од моите најлуди соништа.

5-naviki-shto-mozhete-da-gi-ukradete-od-elton-dzhon-01.jpg

3. Знае кога е време да престане

Долгогодишниот партнер и сопруг на Елтон, Дејвид Фурниш, бил силата во кариерата на Џон што му дозволила да биде ранлив и вистински. Токму разговорот со саканата личност му дозволил да признае дека можеби работел премногу напорно. Сепак, дури и кога го правите она што го сакате, доколку работите премногу ја испуштате убавината на целото искуство, па која е поентата на тоа?

Џон го споделил овој разговор во едно интервју.

„Зависен сум од работа. Всушност, имам листа со 100 држави во коишто сакам да свирам. Едноставно се убивам себеси со толку многу патување, без некоја причина... Ако направам 120 концерти во една година, следната сакам да направам 130. Многу сум горд кога имам над 200 летови годишно. Зошто си толку горд? Тоа те убива. Сепак, бев болен, седнав со Дејвид и морав да му ја признаам мојата зависност: 'Дејвид, не можам да престанам да работам'. Секогаш се извлекував со тоа. Сепак, беше добар повик за будење.“

4. Се потпира на себеси во тешките моменти

После справување со неколку зависности од алкохол, кокаин, или што било, она што го го вратило Џон на вистинскиот пат била трагична смрт. Во 1990-та година, неговиот пријател Рајан Вајт умрел од СИДА, а токму ова го натерало Џон да согледа колку себични биле неговите избори и колку е важно да направи промена.

Во едно интервју се присетил на настан каде што знаел дека мора да отрезни, бидејќи во спротивно ќе умре. Се пријавил на рехабилитација, состојбата му се подобрила, а како дел од процесот на лекување ја напишал и песната „Someone Saved My Life Tonight“. Кога бил прашан за песната, тој рекол:

„Тоа е како пријателството може да ве спаси во краток момент. Имаше многу такви.“

5-naviki-shto-mozhete-da-gi-ukradete-od-elton-dzhon-02.jpg

5. Неговото семејство го мотивира

Џон и неговиот партнер не започнале семејство до подоцна во животот, но двете деца на Џон му се најголема инспирација и љубов.

„Никогаш не сум искусил нешто вакво, да се биде татко и да се биде родител. Нема натпревар. Повеќе сакам да бидам со моите деца отколку да одржувам концерти.“

Сепак, и ова не било патувањето што тој го очекувал.

„Ако пред 10 години сте ми рекле дека ќе бидам во вашето шоу, во брак со мажот што го сакам и дека ќе имам две прекрасни деца, ќе ви речев 'Ми ставивте нешто во пијалакот'. Но животот ви дава предизвици и животот ви дава кривини, одлични кривини. Овие две деца се појавија во период кога никогаш не помислував дека ќе имам деца. Тие се најдоброто нешто во нашите животи.“

 Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава