Зошто не треба да се криете кога плачете на филмови?

Емотивните сцени на филмовите вклучуваат луѓе кои сигурно не ви се блиски, кои не ги познавате и за кои знаете дека глумат. Нo сепак, можеби ви се случува да заплачете. Веројатно се прашувате што се случува во тој момент. Зошто ве допираат судбините на непознатите луѓе и зошто воопшто се сочувствувате со нив?

 dokolku-plachete-na-filmovi-vie-ste-posilni-od-drugite-01.jpg

Во овој случај станува збор за развиена емпатија. Кога се сочувствувате со некого, делумно го чувствувате и вашето страдање. Без разлика дали личноста е од Африка, Америка или вашиот сосед, доколку ситуацијата ви е блиска и позната, нормално дека ќе допре до вас.

Најчесто во општеството постои тренд каде што не се преферира емоционалноста, туку воздржувањето и сокривањето на емоциите. Поради ова, постои верување дека личноста која плаче на филм е емотивна. Но овие луѓе се всушност навистина силни личности.

Погледнете што ги прави такви и што ги разликува од другите:

Ослободување од емоциите

Луѓето кои не бегаат од своите емоции се подготвени да ги покажат каде било. Ова значи и за време на гледање филм. Сепак, тие не се такви.

Воглавно луѓето бегаат од емоциите и дури кога ќе се појават сериозни проблеми можно е да побараат помош од професионалец. Неретко пациентите се жалат со хронични болки во стомакот, главата или грбот, кои всушност се резултат на потиснати емоции. Овие луѓе не само што се плашат, туку имаат преценета идеја за тоа што би било доколку се сочувствуваат со некого или доколку ги изразуваат сите емоции.

Исцелување

Ослободувањето на чувствата, позитивни и негативни, има исцелувачко влијание.

Луѓето одат во природа или кај исцелители и одат на овие места само за да можат да ги отпуштат емоциите кои се затворени во нив. Можеби сте гледале како луѓе паѓаат во транс на одредени третмани. Сето ова е реакција на ослободување голем број силни емоции.

Верата е можеби добар начин да се изразат емоциите и овде никој не ги гледа луѓето како слаби. Но во други ситуации, доколку покажете што вистински чувствувате, најверојатно ќе сметаат дека сте слаби и детинести.

Виновен е окситоцинот

Хормонот окситоцин е како невротрансмитер, а истовремено е познат и како хормон на љубовта. Окситоцинот е одговорен за вашите чувства за време на емотивните филмски сцени. Поради овој хормон, вие сте поемпатични и поотворени кон светот, а исто и поради него се чувствувате среќни.

Спонтаност

Луѓето кои плачат на филмови, иако се сметаат за нефункционални, всушност се многу пофункционални од емоционално ладните луѓе. Тие не се плашат да ги покажат своите емоции и го покажуваат она што го сметаат за исправно.

Не бегаат од емоциите

На некои луѓе им е тешко да се справат со чувствата, па повеќе сакаат да ги потиснат. Но оние кои без проблем плачат, го доживуваат светот многу поотворено. Тие го прифаќаат и нивното и животно искуство на ликовите во филмот, а ова ги прави побогати.

Бесчувствителност

Доколку некој не покажува емоции на кино, веројатно нема да ги покаже ни на нечиј роденден. Доколку некој умре или страда, овие личности ретко ќе се сочувствуваат дури и во овие ситуации.

Не им е грижа за очекувањата

Луѓето кои се подготвени да ги покажат нивните емоции не се грижат за принципите според кои другите го гледаат плачењето. Не им е грижа што на другите не им се допаѓаа или не го прифаќаат тоа.

Не сакаат животот да ги повреди

Воздржаните луѓе кои не покажуваат емоции знаат зошто го прават тоа – не сакаат да бидат допрени и повредени од животот. Поради ова, сметаат дека е подобро да ги скријат нивните емоции и чувства.

Воздржаност

Луѓето кои ги скриваат емоциите или кои воопшто не ги покажуваат, без разлика дали во кино или во приватниот живот, имаат навистина воздржан став и однос кон чувствата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg