10 чести прашања со фасцинантни одговори

Зошто им се скршени носевите на египетските статуи?

Древен Египет е познат по неверојатните уметници. Овие луѓе создавале неверојатни статуи од фараони, луѓе од елитата, животни и богови.

Истражувачите и јавноста брзо забележаа дека сите статуи имаат нешто заедничко – им недостасувале носевите. Излегло дека причината за ова е „убиство на статутите“.

Во минатото, резбањето не било само уметност, туку имало и животна сила. Се употребувале разни церемонии со цел да ѝ се даде живот на статуата. Се верувало дека оваа енергија влегува и излегува низ носот, исто како и дишењето.

Кога се појавувало потреба да се деактивира животната сила на статуата, се кршел носот. Ова верување било навистина раширено, па стотици статуи го изгубиле својот нос. Главната причина била да се заштитат статуите од ограбувачите, бидејќи многу статуи биле чувари на храмови и гробници.

10-chesti-prashanja-so-fascinantni-odgovori-07.jpg

Може ли некој да го почувствува вртењето на Земјата?

Во овој момент, секоја личност на Земјата се движи со брзина од околу 465 метри во секунда. Сепак, никој не може да ја почувствува оваа брзина од ротацијата на планетата. Причината за тоа е едноставна.

Сè што се наоѓа на Земјата се движи со истата брзина. Токму поради ова патниците можат слободно да шетаат во воз или авион додека се движат. Сè што се наоѓа во авионот – луѓето, покуќнината и воздухот, се движи со иста брзина.

Доколку Земјата одеднаш престане да се врти, последиците би биле катастрофални. Ова закочување ќе го почувствуваат сите. Причината не е само затоа што забавувањето ќе биде брзо. Во овој момент, се движи и целата атмосфера со истата брзина. Доколку Земјата престане да се врти, атмосферата ќе продолжи со истата брзина. Ефектот би бил како жилет кој отстранува сè од површината на планетата.

10-chesti-prashanja-so-fascinantni-odgovori-08.jpg

Зошто можеме да го намирисаме дождот?

Дождот нема мирис, а познат факт е дека водата нема мирис, вкус и боја. Сепак, кратко пред да започне дождот, во воздухот се чувствува одреден мирис. Оваа земјена арома е свежа и често опишувана како пријатна. Па доколу не е дождот, од каде потекнува овој убав мирис?

Аромата не потекнува од облаците или воздухот, туку е комбинација од растителни масла и хемиски соединенија од микроорганизми. Кога суштествата ја претвораат органска материја во хемикалии, се формира алкохол познат како геосмин.

Човечкиот нос е навистина чувствителен на овој алкохол. Веднаш пред бура, влагата се зголемува и ја прави почвата влажна. Поради ова се зголемува нивото на геосминот. Кога првите капки ќе паднат на земјата, почнува да се ослободува мирисот.

10-chesti-prashanja-so-fascinantni-odgovori-09.jpg

Зошто пандите јадат бамбус?

Мечките не би требало да бидат тревопасни животни. Но сепак, кинеската џиновска панда јаде воглавно бамбус. Научно, пандата им припаѓа на група месојадни животни наречени Carnivora, а нивниот организам повеќе наликува на мачка или волк, отколку на тревопасно животно.

Едно изнендувачко истражување ја решило оваа мистерија. После месеци следење на панди во дивината, научниците откриле дека овие суштества најчесто јадат мали стебла богати со протеини. Тие дури и мигрирале за да го следат растењето на бамбусот како што се менувале сезоните.

Изненадувањето се појавило кога тимот го анализирал изметот од пандите. Бамбусот бил дигестиран во стомакот како да е месо. Односно, од него биле извлечени толку многу протеини, што наликувало како исхраната на месојадните животни. Изгледа дека пандите еволуирале да ги дигестираат овие растенија како „месо “ со цел да преживеат во бамбусовите шуми.

10-chesti-prashanja-so-fascinantni-odgovori-10.jpg

Зошто возрасните имаат проблеми со јазиците?

Многу луѓе забележале дека детето кое е уште многу мало да си ги врзе врвките може многу лесно да научи нов јазик.

Во истражување од 2014-та година, луѓе со мајчин јазик англиски биле замолени да научат лажен јазик. Првата група слушала зборови додека боела. Боењето им го одвлекувало вниманието од целосното фокусирање на вежбите за јазикот. Она што го запомниле било споредувано со наученото на групите кои целосно се фокусирале на јазикот.

Додека оние кои се фокусирале само на јазикот имале подобар вокабулар, групата што боела полесно ја сфатила напредната граматика. Изгледа дека децата се гении за граматика бидејќи користат систем на помнење наречен процедурална меморија. Ова несвесно учење често се случува во позадина – на пример, впивање на делчиња од новиот јазик за време на боење.

Втор вид на помнење, наречен декларативна меморија, се развива подоцна во животот и е заснован на свесното учење. Возрасните настојуваат да се потпираат на овој систем како ученици. Иако помага во сè останато, ова не е најдобриот вид меморија за учење друг јазик.

10-chesti-prashanja-so-fascinantni-odgovori-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Волшебници, астрономи, филозофи, јасновидци - кои биле древните друиди? Друидите биле членови на образована, професионална класа на луѓе меѓу келтските ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg