5 лични податоци што не треба да ги објавувате на социјалните мрежи, за да се заштитите од хакерски напади

Можеби често клекнувате пред искушението да објавите сочни детали за вашиот живот на социјалните мрежи, но некои работи е подобро да ги задржите за себе. 

5-lichni-podatoci-shto-ne-treba-da-gi-objavuvate-na-socijalnite-mrezhi-za-da-se-zashtitite-od-hakerski-napadi-povekje-01.jpg

Со ваков брз развој на технологијата, многу лесно може да станете жртва на кражба на идентитет или други видови на измама. 

Кои пет работи треба да ги задржите за себе, подалеку од социјалните медиуми за подобро да ги заштитите вашите пари, приватноста и идентитетот?

Вашиот телефонски број

Нема ништо полесно за еден хакер од тоа да добие повеќе информации за вас преку вашиот телефонски број.

Речиси на сите апликации морате да внесете телефонски број за контакт и тој е еден од клучните парчиња од сложувалката, па за да се заштитите, не го споделувајте на социјалните мрежи.

Вашата домашна адреса

Објавувањето на вашата адреса не само што ќе ве изложи на ризик од најразлични разбојници, туку го зголемува и ризикот од кражба на идентитет.

Кога некој го има вашето полно име и адреса, тој може да пребара различни бази на податоци и да најде дополнителни информации за вашиот телефонски број, историја на вработување, записи за брак и развод и многу повеќе.

Со доволно информации, тој може да отвори кредитна картичка во ваше име или да украде пари од постоечките сметки.

5 privatni informacii koi nikako ne smeete da gi objavite na socijalnite mrezi 02

Вашиот роден град и полн датум на раѓање

Можеби ќе сакате да размислите за бришење на овие детали, или барем отстранување на вашата година на раѓање.

Причината е тоа што лесно може да се предвиди вашиот матичен број кога датумот на раѓање ќе го објавите јавно, а оттука и да се украде каква било информација за вас.

Финансиски податоци

Детали за кредитни и дебитни картички се меѓу поочигледните примери за тоа што не треба да објавувате онлајн, но може да бидете изненадени од тоа што хакерите можат да постигнат со малку информации за вашите лични финансии.

Податоците како плата, банкарски биланси и броеви на сметки се нешта кои најдобро е да се чуваат само за себе.

5 privatni informacii koi nikako ne smeete da gi objavite na socijalnite mrezi 03

Членства во клубови или здруженија

Колку повеќе некој знае за вашите врски и интереси, толку е полесно да започне успешна измама.

Колку пати ви се случило да добиете мејл која се чини дека е од слична организација за која всушност сте покажале интерес?

Вистината е дека со ваквите мејлови никогаш не можете да бидете сигурни дека зад тие мејлови не стои напаѓач кој се обидува да добие повеќе лични информации од вас.

За подобро да се заштитите од овие видови измами, добро размислете што објавувате, а што треба да остане приватно.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...

Најчитани неделава