Искрени илустрации прикажуваат што е погрешно со денешното општество
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Референт 23-08-2019


Искрени илустрации прикажуваат што е погрешно со денешното општество

Има нешто навистина вознемирувачко во делата на Џон Холкрофт, но на добар начин. Кога ги гледате неговите илустрации, не можете а да не почувствувате како да гледате нешто забрането. 

ilustracii-shto-prikazhuvaat-shto-e-pogreshno-so-deneshnoto-opshtestvo-01.jpg

Кршливоста на системот, неважноста на вашата кариера, недостатокот од романтика во денешниот свет...

Постои само еден излез – прифаќањето на апсурдот на модерниот свет. Работејќи во студио во близина на Шефилд, Велика Британија, Џон успева да поврзе два целосно различни периоди.

Црпејќи инспирација од постерите од 1950-тите, тој создава сатирични илустрации кои ги прикажуваат нештата што се погрешни со денешното општество.

„Моите дела се концептуални наместо засновани врз карактер. Сепак, кога работам на илустрација, без разлика дали е за објавување или промоција, си замислувам како е да сум во ситуацијата на концептот. Ова помага да се поврзам со читателот, а тој може да се поврзе со личноста на сликата“, изјавил Џон.

ilustracii-shto-prikazhuvaat-shto-e-pogreshno-so-deneshnoto-opshtestvo-02.jpg

„Мојата најголема грижа за општеството е тоа што сме премногу зависни од електронските направи, до степен на опсесија. Исто така има голем број млади луѓе кои 'оглупавеле' и ги гледаат платформите како YouTube како нова стандардна забава, гледајќи бесмислени дела на луѓе кои само сакаат да бидат славни или сакаат гледаност за реклами. Ова стана прифатливо и норма.“

И покрај морничавата нијанса на неговите дела, Џон сака да мисли дека е оптимист и верува дека сè ќе биде во ред.

Артистот истовремено се обидува да не се вклучи во ништо религиско или што било што би можело да ги навреди другите, освен ако не е со добра цел.

ilustracii-shto-prikazhuvaat-shto-e-pogreshno-so-deneshnoto-opshtestvo-03.jpg

ilustracii-shto-prikazhuvaat-shto-e-pogreshno-so-deneshnoto-opshtestvo-04.jpg

ilustracii-shto-prikazhuvaat-shto-e-pogreshno-so-deneshnoto-opshtestvo-05.jpg

ilustracii-shto-prikazhuvaat-shto-e-pogreshno-so-deneshnoto-opshtestvo-06.jpg

ilustracii-shto-prikazhuvaat-shto-e-pogreshno-so-deneshnoto-opshtestvo-07.jpg

ilustracii-shto-prikazhuvaat-shto-e-pogreshno-so-deneshnoto-opshtestvo-08.jpg

ilustracii-shto-prikazhuvaat-shto-e-pogreshno-so-deneshnoto-opshtestvo-10.jpg

ilustracii-shto-prikazhuvaat-shto-e-pogreshno-so-deneshnoto-opshtestvo-11.jpg

ilustracii-shto-prikazhuvaat-shto-e-pogreshno-so-deneshnoto-opshtestvo-12.jpg

ilustracii-shto-prikazhuvaat-shto-e-pogreshno-so-deneshnoto-opshtestvo-13.jpg

ilustracii-shto-prikazhuvaat-shto-e-pogreshno-so-deneshnoto-opshtestvo-14.jpg

ilustracii-shto-prikazhuvaat-shto-e-pogreshno-so-deneshnoto-opshtestvo-15.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 илустрации за моќта на добрите желби Посакувам да имаш доволно сила да ја пребродиш смртта на саканата личност. ...
13 илустрации за маките на секој човек Која е најголемата мака на старите луѓе? Осаменоста. Што ги мачи сè почесто луѓе...
Илустрации што ќе направат да се вљубите во снегот Снежна покривка на куќите, автомобилите и дрвјата и магични светилки кои го наја...