Бонтон за бакнежи и ракување: Како се поздравуваат луѓето во различни делови на светот?

Италијанците се редок европски народ кој при запознавање се бакнува во лев образ, додека Американците, наместо бакнежи нудат прегратки.

bonton-za-baknezhi-i-rakuvanje-kako-se-pozdravuvaat-lugjeto-vo-razlichni-delovi-na-svetot-01.jpg

Ако не ги познавате правилата на однесување во странство, обичен бакнеж во образот или ракување со новите пријатели лесно може да се претвори во несмасно искуство.

Речиси сите се имаме најдено во слична ситуација, поради влегувањето во интимниот простор на оние кои не се навикнати на таква блискост. За да не навредите некој, најдобро е да му дозволите на домаќинот да води и да го следите неговиот пример.

Како се бакнуваат луѓето во различни делови од светот?

Во Кина е подобро е да се воздржите од бакнување и само да се поздравите со ракување.

Во Латинска Америка бакнување при прва средба е често, а во Аргентина во образ се бакнуваат и мажите и жените.

Луѓето во Сао Паоло се бакнуваат двапати, а во Рио де Жанеиро еднаш.

bonton-za-baknezhi-i-rakuvanje-kako-se-pozdravuvaat-lugjeto-vo-razlichni-delovi-na-svetot-002.jpg

Британците, Германците и Швеѓаните се малку постудени од жителите на јужна Европа.

Во зависност од државата, а понекогаш и од градот, луѓето се бакнуваат еднаш, двапати, па дури и осум пати, како што е случајот со Авганистан.

Bonton za baknezi Kako se baknuvaat lugeto 04

Во Египет се очекуваат два бакнежи. Слично е и во Иран, каде што овој број варира од еден до три.

Во Париз луѓето се бакнуваат двапати, додека во Прованса се бакнуваат три пати.

Американците се ракуваат или прегрнуваат, а во Германија луѓето почесто се прегрнуваат отколку што се бакнуваат во образ.

Bonton za baknezi Kako se baknuvaat lugeto 02

Во повеќето земји, прво се бакнува десната страна, но не и во Италија, каде важи правило прво да се бакнува левата страна на образот.

Ако не знаете што да правите со рацете, најдобро е да ги поставите на рамениците на личноста со којоа се поздравувате.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава