6 начини на кои ќе спречите емоциите да ве контролираат

Емоција е нешто што повеќето луѓе мислат дека не може да се контролира. Кога се чувствувате тажно, не можете да си помогнете, се чувствувате тажно. 

Sest nacini na koi ke gi sprecite emociite da ve kontroliraat 01

Се разбира, емоциите треба да се контролираат за да не направиме нешто за што ќе зажалиме во иднина, но, исто така е штетно целосно да се игнорираат.

Луѓето треба да ги чувствуваат и да ги слушаат своите емоции и да знаат да реагираат навреме или да се контролираат.

Не дозволувајте да ве контролираат емоциите.

Ова се шест начини на кои ќе го сречите тоа:

1. Размислете пред да зборувате или делувате

Кога некој ќе ви каже нешто што предизвикува емотивен одговор, задржете го одговорот додека емотивниот дел од вашиот мозок не се смири.

2. Преземете одговорност

Еден од проблемите што ги имаат луѓето, кога станува збор за контролирање на нивните емоции, е неподготвеност да ги поседуваат.

Треба да ја преземете одговорноста за она што го правите или кажувате, да ги контролирате своите емоции, наместо тие да ве контролираат вас.

Кога ќе направите грешка или ќе кажете нешто што не требало да го кажете, преземете ја одговорноста за последиците, било добри или лоши.

3. Вежбајте емоционално одвојување

Иако секогаш чувствувате емоции, тие не ве дефинираат. Ова е важна идеја која треба да ја имате на ум додека поминувате низ секојдневниот живот.

Одвојување од емоции ќе ви помогне да чувствувате поголема контрола врз она што го кажувате или правите.

Во суштина, тоа едноставно значи да ги признаете своите емоции и потоа да продолжите понатаму.

Sest nacini na koi ke gi sprecite emociite da ve kontroliraat 03

4. Разберете што чувствувате

Емоциите мора да се разберат пред да можете навистина да ги контролирате. Некои луѓе ја чувствуваат емоцијата, но не го бараат одговорот на тоа зошто ја чувствуваат истата.

Следниот пат кога ќе почувствувате силна емоција, не се обидувајте да ја игнорирате или отфрлите, обидете се да ја разберете.

5. Одморете се

Многу е потешко да ги контролираме нашите емоции ако сме под голем стрес. Понекогаш луѓето треба да се одморат за успешно да ги контролираат своите емоции и емоционални реакции.

Sest nacini na koi ke gi sprecite emociite da ve kontroliraat 02

6. Запознајте ги вашите предизвикувачи

За повеќето луѓе постојат одредени луѓе или ситуации кои можат да предизвикаат повеќе емотивни одговори од другите. Тоа е нормално, но треба да бидете во можност да ги идентификувате овие предизвикувачи и да ги избегнувате, ако е можно.

Ако морате да бидете блиску до одредени луѓе или ситуации за кои знаете дека ќе бидат емоционално тешки, имајте однапред смислена стратегија.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава