Твитерџиите се обидуваат да го пронајдат парот од волшебната фотка

21-годишната Фејт Тејлор споделила фотографија што ја направила во националниот парк Јосемити. На фотографијата се гледаат маж и жена кои се гледаат во очи пред живописниот пејсаж. Кога Фејт забележала дека парот е совршено осветлен со сончевите зраци, сфатила дека фотографирала нешто посебно.

tviterdzhiite-se-obiduvaat-da-go-pronajdat-parot-na-ovaa-fotografija-so-zaprosuvanje-001.jpg

Таа ја споделила фотографијата на Твитер и напишала: „На Јосемити, пар имаше свршувачка и кога отидов да ги фотографирам, зрак светлина падна врз нив. Преплавена сум со емоции. Некој нека ги најде.“

Фејт подоцна додала дека фотографијата е од 14-ти мај и дека тогаш се двоумела да му пријде на парот за време на професионалната фотосесија.

tviterdziite-se-obiduvaat-da-go-pronajdat-parot-na-ovaa-fotografija-so-zaprosuvanje-01.jpg

Сепак, сега се надева дека ќе ги пронајде со помош на Твитер. Твитерџиите ѝ влеваат надеж бидејќи фотографијата веќе е споделена над 18.000 пати.

„Сакам да ги најдам само за да им ја дадам фотографијата. Не мислев дека ќе се прослави волку. Само знам дека ако некој направи таква фотографија од мене, би сакала да ја имам.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава