Ако ги имате овие 5 маани, вие сте натпросечно интелигентни

Високата интелигенција е, секако, предност, но не и клучот за полесен, поедноставен, посреќен или поквалитетен живот. Може ли интелигенцијата да биде проклетство?

Dali gi imate ovie 5 maani Toa znaci deka ste natprosecno inteligentni 01

Психолозите објаснуваат дека интелигенцијата може да има и негативна страна.

Според нив, доколку ги имате овие „маани“ тоа значи дека сте натпросечно интелигентни.

1. Интелигентните луѓе често размислуваат наместо да чувствуваат.

Високо интелигентните луѓе можат да ги разберат и чувствуваат емоциите. Можат да размислуваат и да разговараат за нив, но проблемот е што често нема да чувствуваат олеснување кога ќе ги изразат емоциите.

Ова е чест проблем кај паметните луѓе, особено кај оние кои се изразуваат брилијантно. Помалку комуникативните луѓе го користат своето однесување како вентил за празнење: викање, фрлање на нешто, плачење, скокање, танцување.

Високо интелигентните луѓе ќе разговараат за тоа како се чувствуваат, и кога ќе завршат со разговорот, сите тие чувства сè уште ќе бидат заробени во нив.

Високата емоционална интелигенција ги компензира ниските когнитивни способности, па екстремно паметните луѓе не мора да се потпираат на своите емотивни способности за да ги решат проблемите.

2. Интелигентните луѓе чувствуваат повеќе тензии и стрес.

Луѓето ќе очекуваат повеќе од нив - да бидат најдобри во сè. Врз нив постои поголем притисок за успех, поради што се под постојан стрес.

Ова е очигледно и кај помладата популација, децата кои се поинтелигентни генерално чувствуваат повеќе тензии.

Dali gi imate ovie 5 maani Toa znaci deka ste natprosecno inteligentni 02

3. Потешко ги учат вредностите на напорната работа.

Поинтелигентните луѓе знаат подобро да ги организираат своите задачи и да ја завршат својата работа побрзо, со помал напор. Сепак, интелигенцијата не води директно до успех. Многу интелигентни луѓе никогаш не можат да развијат упорност која и тоа како им е потребна.

Интелигенцијата станува проблем кога не се развиваат добри работни навики - истакнуваат психолозите.

4. Ги нервираат луѓето, бидејќи постојано ги коригираат. 

Без оглед на тоа дали станува збор за дрдорење или посериозен разговор, интелигентните луѓе обично имаат потреба да ги коригираат другите ако велат или тврдат нешто погрешно.

Поради оваа навика, луѓето често ги перципираат како напорни.

5. Претерано анализирање.

Луѓето со висока интелигенција трошат премногу време на размислување и анализирање. Поради претерана анализа создаваат многу избори, што може да ги фрустрира.

Сакаат да ги анализираат секојдневните ситуации за да се осигураат дека нема да згрешат, што во повеќето животни ситуации е невозможно. Понекогаш е неопходно да се потпреме на сопствените инстинкти.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава