21 потсетник за кога мислите дека ништо во животот не ви оди по план

12. Доколку целите на општеството ви создаваат преголем притисок, тоа е предупредувачки знак дека тие не се за вас и дека треба да побарате друга цел.

Потребно е да најдете што е најдоброто за вас, дури и ако нема да ви го наполни егото и нема да добиете признание од другите.

21-potsetnik-za-koga-mislite-deka-nishto-vo-zhivotot-ne-vi-odi-po-plan-06.jpg

13. Понекогаш можете да го дадете најдоброто од себе и да не успеете, бидејќи некој не успеал да ја види вашата вредност. Ова не значи дека сте неуспех.

Понекогаш нештата не се одвиваат како што треба за ваше добро, а нема секогаш да најдете причина за тоа. Сепак, ова не треба да биде изговор за да не го давате најдоброто од себе.

14. Доколку сте несреќни со вашиот сегашен живот, најверојатно причината е што изминативе години сте биле најмногу мотивирани од стравот.

Сега е време да размислувате на друг начин. Си должите себеси да креирате, а не да ја уништите личноста којашто сте. Важно е да верувате во себе и во вашите способности, без разлика колку пати сте биле одбиени.

21-potsetnik-za-koga-mislite-deka-nishto-vo-zhivotot-ne-vi-odi-po-plan-07.jpg

15. Најголемата причина зошто не сте онаму каде што сметате дека треба да бидете, веројатно е тоа што пречесто си велите „НЕ“ поради неодобрувањето од другите луѓе.

Можеби сега навистина треба да направите детален план за да го имате животот од соништата, а првиот чекор направете го уште денес.

16. Доколку мислите дека треба да бидете попродуктивни и да работите подобро, најверојатно сте во право.

Но доколку ова произлегува од негативно чувство на инфериорност, ќе го добиете спротивниот резултат од посакуваниот. Научете да се гледате пообјективно и имајте на ум дека вие сè уште се градите и секогаш има место за подобрување.

21-potsetnik-za-koga-mislite-deka-nishto-vo-zhivotot-ne-vi-odi-po-plan-08.jpg

17. Можеби си го трошите животот обидувајќи се да поправите нешто што сте мислеле дека ви е најголем недостаток, а во процесот сте заборавиле на вашите силни страни.

Вашето сегашно незадоволство е знак дека треба да ја промените насоката. Можеби не веднаш, но ако ова го направите приоритет, со текот на времето ќе ги забележите резултатите.

18. Разочарувањата се очекувани. Можеби сè уште мразите што сте се воздржувале и што другите го потценувале вашиот потенцијал, но кога се фокусирате само на тоа, нема да стигнете онаму каде што сакате.

Сè уште има време за промена и време да станете личноста којашто сакате.

21-potsetnik-za-koga-mislite-deka-nishto-vo-zhivotot-ne-vi-odi-po-plan-09.jpg

19. Доколу се чувствувате несигурно, тоа е добар знак. Се прашувате за сè што ве научиле, особено за нештата за кои другите ви велеле дека ќе ви гарантираат среќа и сигурност.

Но, ништо не е сигурно. Вие станувате личноста којашто треба да бидете и вие сте на почетокот од нешто ново и непознато.

20. Ако се чувствувате преплавено поради сè што се случува и сè што ве плаши, дозволете си да одморите и да уживате. Нема да знаете каде да одите без добро да размислите за себе.

Дури и ако сте убедени дека не заслужувате нешто, се лажете.

21. Другите се онаму каде што се, а тоа е сосема во ред. Вие сте онаму каде што сте, и тоа е сосема во ред.

Без разлика дали другите се пред или зад вас, тоа не прави разлика во вашиот живот. Вашиот живот е само ваш и можете да го живеете на најослободувачкиот начин, без разлика на социјалните стандарди и мислењето на другите

21-potsetnik-za-koga-mislite-deka-nishto-vo-zhivotot-ne-vi-odi-po-plan-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg