Како изгледа еден ден во животот на Далај Лама?

Четиринаесеттиот Далај Лама е роден како Тензин Гјатсо, на 6-ти јули 1935-та година во Тибет. Тој е петтото дете во семејство со 16 деца. Прогласен е за реинкарнацијата на Далај Лама кога имал само две години, а на 6-годишна возраст започнало неговото монашко образование.

kako-izgleda-eden-den-vo-zhivotot-na-dalaj-lama-01.jpg

Ја презел политичката власт над Тибет во 1959-та година, но бил присилен да ја напушти. Во 1989-та година добива Нобелова награда за мир за ненасилната борба за ослободувањето на Тибет.

Но дали некогаш сте посакале да ѕирнете во дневниот распоред и ритуалите на големиот религиски водич? Токму тоа го сакал и британскиот писател и новинар Пике Ијер.

По повод роденденот на Далај Лама, тој направил проект со наслов „Еден ден во животот на Далај Лама“, па сега можете да дознаете нешто повеќе за неговите навики.

„Секој пат кога ќе научам нешто ново, го вклучувам во моето секојдневие. Така дојде до тоа моите редовни, секојдневни молитви да траат околу четири часа“, споделил Далај Лама.

kako-izgleda-eden-den-vo-zhivotot-na-dalaj-lama-02.jpg

Според неговите зборови, Далај Лама најчесто се будел околу 3:30 наутро. Прво малку медитирал, потоа се поклонувал и на крај се капел.

После овој ритуал следела прошетка при која непрекинато изговарал некој мантра или медитирал.

Појадувал во 5:15 часот, а потоа, во 5:30 ја следел емисијата „Гласот на Америка“ емитувана на тибетски јазик.

„На ВВС често емитуваат некои содржини во врска со Тибет и Кина, па често го слушам тоа.“

kako-izgleda-eden-den-vo-zhivotot-na-dalaj-lama-03.jpg

После појадокот медитирал уште малку, а потоа ја проучувал тибетската филозофија или некои важни текстови. Кога се појавувале неодложни обврски, одел во својата канцеларија.

Неретко, пред ручек, читал разни весници како Newsweek, Time, Far Eastern Economic, Review и неколку индиски медиуми.

„Во 7:30 секогаш слушам ВВС вести. Секогаш. Јас сум зависен од таа програма. Кога сум во посета на некоја странска држава и кога не можам да ги слушам поради временската разлика или кога немам доволно време, се чувствувам како нешто да ми недостасува тој ден. Се чувствувам како да не знам што се случило во светот тој ден. ВВС е секогаш многу добра и навистина објективна програма.“

kako-izgleda-eden-den-vo-zhivotot-na-dalaj-lama-04.jpg

После ручек, околу 17: 30 часот, тој се упатувал кон својата канцеларија. Во 18 часот пиел вечерен чај, исто како будистички монах.

Не вечерал, но понекогаш јадел по неколку кекси и малку леб. И овој период ја следел програмата на ВВС.

kako-izgleda-eden-den-vo-zhivotot-na-dalaj-lama-05.jpg

„Навечер медитирам околу еден час, пред да си легнам во 20:30. Ова ми е најважната медитација. Спиењето е најчестата медитација за секого, дури и за птиците. Не за нирвана, туку за опстанок.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg