Како најбогатите луѓе во светот ги заработиле своите милијарди?

Мислењето дека до успехот се стигнува со напорна работа веќе е докажано со модерните милијардери. Имено, повеќето од нив самите ги заработиле своите пари и не станува збор за никакво наследство. Се разбира, патот што го изодиле до тоа богатство оставил трага врз нив.

kako-najbogatite-lugje-gi-zarabotile-svoite-milioni-01.jpg

Бидејќи не секогаш биле милијардери, сигурно ве интересира што правеле и како изгледале некои од најбогатите луѓе во светот пред да ја заработат првата милијарда. Можете да дознаете во продолжение.

Џеф Безос, 120 милијарди долари

Во 2017-та година, основачот и сопственикот на Амазон стана најбогатиот човек на планетата. Тој го започнал целиот проект уште во 1995-та година во гаража. Само 4 години подоцна, вредноста на неговата компанија веќе достигнала 6 милијарди долари.

Денес Џеф е сопственик и на The Washington Post, а е основач и на Blue Origin. Интересно е што во првите денови на Амазон, тој ги одржувал состаноците со партнерите и клиентите во книжарница во близина на гаражата.

kako-najbogatite-lugje-gi-zarabotile-svoite-milioni-02.jpg

Бил Гејтс, 92 милијарди долари

Microsoft била основана во 1976-та година. 10 години подоцна, Бил Гејтс ја заработил првата милијарда. Според некои извори, во 2006-та година Бил заработувал 6.659 долари во минута, што отприлика би било 10 милиони долари дневно.

Кога имал 13 години, тој и неговите пријатели хакирале училишен компјутер и добиле пристап до тајна информација. Но, наместо да го казнат, младиот хакер добил понуда за работа во компјутерски центар.

kako-najbogatite-lugje-gi-zarabotile-svoite-milioni-03.jpg

Марк Закерберг, 72 милијарди

На само 20 години, во 2004-та година, Марк основал веб-сајт кој подоцна ќе се претвори во најголемата социјална мрежа што некогаш постоела. Интересно е што тој не ја добил неговата диплома од Харвард до 2017-та година, бидејќи го паузирал факултетот за да работи. 

Марк имал 11 години кога ја направил првата апликација како Messenger.

kako-najbogatite-lugje-gi-zarabotile-svoite-milioni-04.jpg

Сергеј Брин (50 милијарди) и Лери Пејџ (51 милијарда долари)

Во 1998-ма година, Сергеј и Лери ја основаа компанијата Гугл. Ова им помогна да се најдат на листата на Форбс само 6 години подоцна. И овој проект започнал во гаража, што ѝ припаѓала на пријателка на Сергеј.

Дене Сергеј и Лери развиваат програма против стареење.

kako-najbogatite-lugje-gi-zarabotile-svoite-milioni-05.jpg

Џек Ма, 41 милијарда

Основачот на Alibaba Group не можел да најде работа откако завршил факултет и бил одбиен од дури 12 компании. Во 1995-та година одлучил да основа Интернет компанија.

На почетокот не му одело најдобро, но откако го заработил првиот долар во 2002-ра година, бизнисот почнал да цути. Во 2012-та година, компанијата заработила околу 15 милијарди долари.

За да учи англиски, Џек поминал многу години водејќи бесплатни туристички тури во неговиот град. А токму туристите му го дале името Џек, иако неговото вистинско име било Ма Јун.

kako-najbogatite-lugje-gi-zarabotile-svoite-milioni-06.jpg

Илон Маск, 21 милијарда

Во 2003-та година Илон Маск основал компанија за автомобили која денес ја знаеме ако Тesla Motors. SpaceX е другата компанија на Илон, која била основана во 2002-ра година, а во 2018-та таа успешно лансира ракета на Марс. 

Според режисерот на филмот Iron Man, Елон бил прототип за ликот на Тони Старк. На 12 години, Елон ја направил и ја продал неговата прва игра за 500 долари.

kako-najbogatite-lugje-gi-zarabotile-svoite-milioni-07.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg