Како најбогатите луѓе во светот ги заработиле своите милијарди?

Ричард Брансон, 5 милијарди

Брендот Virgin денес вклучува над 400 компании и бил креиран од страна на Ричард Брансон кога имал 20 години. На почетокот тој отворил музичка продавница, потоа неколку осигурителни компании и организации за филмска индустрија. 

Во 1984-та година тој ја основал и авиокомпанијата Virgin Atlantic Airways. 20 години подоцна, Ричард ја отворил Virgin Galactic, компанија што ви овозможува да ја посетите вселената како турист.

kako-najbogatite-lugje-gi-zarabotile-svoite-milioni-08.jpg

Ралф Лорен, 6 милијарди

Ралф го направил првото парче облека со лого со играч на голф кога имал 30 години. Денес неговата корпорација прави парфеми, покуќнина, садови, постери, па дури и производи за миленици. Во 2007-ма година, Ралф ја добил престижната награда Модна легенда.

Првата дизајнерска идеја ја добил кога ја читал „Големиот Гетсби“. Но, компанијата за којашто работел во тој период го одбила. Тогаш сфатил дека самиот треба да направи нешто и 8 години подоцна, тој работел на костимите за филмот The Great Gatsby.

kako-najbogatite-lugje-gi-zarabotile-svoite-milioni-09.jpg

Тревис Каланик, 5 милијарди

Во 2009-та година, Тревис заедно со Гарет Кемп ја направил апликацијата Uber што им овозможува на таксистите да се поврзат со патниците. Денес неговата компанија има канцеларии во 58 држави и над 300 градови ширум светот. Родителите на Тревис биле првите Uber патници.

kako-najbogatite-lugje-gi-zarabotile-svoite-milioni-10.jpg

Опра Винфри, 3 милијарди

После 10 години работење како спикер на утринските вести, Опра создала нејзина програма во 1986-та година. Нејзиното шоу се емитуваше 25 години, и тоа во 140 држави. По крајот на шоуто, Опра основа своја телевизија – OWN.

Интересно е што на почетокот од кариерата, Опра била отпуштена од позицијата спикер бидејќи бил премногу емотивна. Еднаш дури и заплакала на емисија во живо.

kako-najbogatite-lugje-gi-zarabotile-svoite-milioni-11.jpg

Доналд Трамп, 3 милијарди

Откако завршил со учење, Доналд размислувал да се запише на филмска академија. Но, на крај одлучил да работи со недвижнини бидејќи сфатил дека тоа носи поголема заработка. Неговиот прв проект бил комплекс од 1.200 апартмани што бил изграден многу брзо и продаден за одлична цена. 10 години подоцна, Доналд станал милијардер.

Кога стана претседател на САД, тој сруши неколку рекорди. Имено, тој е најстарата личност што станала претседател, тој е првиот претседател што има над 3 милијарди долари на сметка и првата личност што станала претседател без претходно искуство во владата или војската.

kako-najbogatite-lugje-gi-zarabotile-svoite-milioni-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава