Зошто е важно човек да практикува утринска медитација?

Оние кои сакаат да допрат до длабочината на животот и да се запознаат со димензиите на духовното постоење, треба да медитираат барем еднаш на ден.

zosto-e-vazno-covek-da-praktikuva-utrinska-meditacija-2.jpg

Ова е многу важно, зошто ако не го храниш својот внатрешен простор нема да има можност за постојано растење и ослободување на твоите скриени потенцијали, а пред сè светлината на твојата душа нема да може да исплови на површина.

Големите духовни учители велат дека утринската медитација е најплодна од сите, и дека треба да се практикува пред да изгрее сонцето, тогаш свеста на земјата не е вознемирена и нападната од деструктивните импулси на човекот.

Покрај тоа, во тие утрински часови природата е потоната во тишина, така што енергијата е многу посилна и благодарение на тоа стварноста може да расте.

zosto-e-vazno-covek-da-praktikuva-utrinska-meditacija-001.jpg

Не е тешко да се разбере причината зошто треба да се медитира во утринските часови. Доволно е само да се сетиме колку луѓе во светот се оптоварени со свои грижи и тежини, кои циркулираат наоколу и за да се избегнат тие, најповолен период е додека тие одмараат. Тогаш и самиот космос е исполнет со мир, и со доволна посветеност може да се навлезе во подлабока медитација.

Поради овие причини, и уште ред други како што се исцрпеноста од тешките луѓе и нивните нездрави мисли, кои влегуваат во нас и физичкиот умор медитацијата во попладневните и вечерните часови станува предизвик.

Ако некогаш се одлучите да практикувате утринска медитација, запомнете дека додека спиеме сите нечистотии што сме ги впиле од другите исчезнуваат, и ние се будиме со потенцијал да го правиме она што е најдобро за нашата душа и тело.

zosto-e-vazno-covek-da-praktikuva-utrinska-meditacija-3.jpg

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава