25 брутални вистини што никој од нас не сака да ги слушне

Постојат нешта за кои знаеме дека се вистинити, но сепак одбираме да ги игнорираме. Понекогаш причината е смешна, но понекогаш ги избегнуваме бидејќи ги „поткопуваат“ нашите најсилни верувања. 

25-brutalni-vistini-shto-nikoj-od-nas-ne-saka-da-gi-slushne-01.jpg

Сепак, реалноста е таа, па кога-тогаш ќе треба да ги прифатите следниве 25 вистини:

1. Вие сте негативецот во нечија приказна. Без разлика колку добри мислите дека сте, секогаш постои некои кој ве помни како лоша личност.

2. Вие не сте посебни. Дури и ако сте 1 во милион, во светот сепак ќе има 7.000 луѓе како вас.

3. Некои од вашите најдобри сеќавања од детството се всушност лажни. Докажано е дека мозокот понекогаш навистина си измислува сеќавања.

4. Луѓето не го добиваат она што го заслужуваат бидејќи животот не е фер. Но дури и ако беше фер, мнозинството од нас не би ги заслужиле нештата што ги сакаме.

5. Вие сте незначајни за остатокот од светот исто колку што ви се незначајни странците што ги одминувате секој ден.

25-brutalni-vistini-shto-nikoj-od-nas-ne-saka-da-gi-slushne-02.jpg

6. Еден ден ќе бидете целосно заборавени од сите луѓе на Земјата.

7. Научниците се речиси убедени дека тираносаурусот рекс не „рикал“ како во филмовите.

8. На вашето лице живеат стотици организми и бубачки.

9. Изгледот сепак е важен. Истражувањата покажале дека атрактивните луѓе имаат повеќе можности и дека другите се однесуваат подобро кон нив.

10. Некои од најдобрите нешта што се кажани за некого се на неговиот погреб.

25-brutalni-vistini-shto-nikoj-od-nas-ne-saka-da-gi-slushne-03.jpg

11. Некои работи се ваша вина. Можеби не сите, но поголемиот дел e. Можеби е тешко да го прифатите ова, но токму тоа ќе ви помогне да сфатите дека вие го контролирате вашиот живот и дека вие можете да го направите подобар.

12. Најчесто ќе завршите во „пријателската зона“.

13. Повеќето нешта во животот немаат едноставни решенија. Многу често и двете страни се грешка или двете страни се во право.

Уште 12 вистини на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg