10 видови осаменост и како да се справите со нив

Осаменост со пријатели

Пријателите доаѓаат и си одат од вашиот живот, особено кога завршувате училиште, менувате работното место, се селите во друг град… Но неретко, луѓето се чувствуваат осамено дури и кога се опкружени со пријатели. Постојат два вида пријателства – познаници и личности на коишто можете да им се доверите.

Доколку вашето друштво го сочинуваат само познаници и немате никој вистински близок, нормално е да се чувствувате осамено. Решението за ова е да се обидете да изградите подлабока врска со некого. Важно е да имате барем една личност со којашто можете да разговарате за сè.

10-vidovi-osamenost-i-kako-da-se-spravite-so-niv-04.jpg

Осаменост од социјалните мрежи

Иако можеби целта на социјалните мрежи и е да нè спои, тие всушност создаваат силно чувство на изолација. Па доколку се почувствувате осамено после неколку часа листење на социјалните мрежи, престанете со тоа.

Најдоброто решение за овој проблем е да ја ограничите употребата на овие платформи. Обрнете повеќе внимание на реалниот живот. Социјалните мрежи би требало да ви го подобрат животот, а не да направат да се чувствувате полошо.

Осаменост на работното место

Можеби целта на работата не е да создавате пријатели, но доколку немате никаква поврзаност со колегите, во канцеларијата ќе се чувствувате осамено. Доколку, пак, работите од дома, ситуацијата може да биде полоша.

Доколку сте во канцеларија, обидете се барем малку да се поврзите со вашите колеги. Доколку работите од дома, не заборавајте на дружбата со пријателите откако ќе завршите со работата.

10-vidovi-osamenost-i-kako-da-se-spravite-so-niv-05.jpg

Осаменост во врска

Можно е да се чувствувате осамено и во врската, особено ако не се обидувате да се поврзите со партнерот. Сепак, можете да го решите и ова. Најпрво направете ја вашата врска приоритет.

Поставете граници со работата, децата и другите обврски и посветете му внимание на партнерот. Доколу се чувствувате осамено, дури и кога партнерот е покрај вас, кажете му. Сепак, речиси сите проблеми можат да се решат со разговор.

Осаменост кај нови родители

Можеби мислите дека имањето бебе ќе ве држи толку зафатени, што ретко кога ќе имате време да се почувствувате осамено. Но, кога во семејството ќе дојде нов член, едниот или двајцата родители најголем дел од времето минуваат со бебето. Ова, секако, резултира со изолација.

Па доколку имате новороденче, немојте да го запоставувате социјалниот живот. Ако не сте во можност да излезете, барем викнете некој на гости или посетете некој сосед. Во никој случај немојте целосно да се изолирате.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава