10 видови осаменост и како да се справите со нив

Дали ви се случило на крајот од денот да сфатите дека не сте разговарале со никого веќе некое време? Или пак можеби сте биле опкружени со многу луѓе, но сепак сте се чувствувале потполно осамено. Денес светот е поповрзан од кога било, но луѓето никогаш не биле волку осамени. Научниците откриле дека денес луѓето на возраст од 16 до 24 години се најосамените. Проблемот е што осаменоста може да предизвика вистинска штета.

10-vidovi-osamenost-i-kako-da-se-spravite-so-niv-01.jpg

За среќа, има начин да го промените тоа. Постојат повеќе видови осаменост, а вие само треба да одредите кој е вашиот и да дознаете како можете да го промените тоа.

Емоционална осаменост

Доколку чувствувате емоционална осаменост, ќе биде тешко да го решите проблемот доколку не го најдете неговиот корен. Емоционалната осаменост не е предизвикана од надворешни настани, туку доаѓа однатре.

Во овој случај, најдобро е да посетите терапевт кој ќе ви помогне да ја откриете причината за вашето чувство на осаменост. Потоа ќе знаете на кој дел од вашиот живот треба да поработите.

Ситуациска осаменост

Денес многу млади одбираат да работат во странство, а доста популарно е и соло патувањето. Иако сето ова може да биде период исполнет со авантури, понекогаш осаменоста е неизбежна. Овој период луѓето се обидуваат да создадат нови пријателства, да се приспособат на нова култура и на нов начин на живот. Ситуациската осаменост е резултат на околности каде што развивањето на нови пријателства е малку потешко.

За да го решите овој проблем, обидете се да најдете барем еден нов пријател. За да го направите тоа, почнете да излегувате, зачленете се во некој клуб, одете на часови по јазик или танцување… Воглавно, одбирајте активности каде што ќе имате интеракција со други луѓе.

10-vidovi-osamenost-i-kako-da-se-spravite-so-niv-02.jpg

Социјална осаменост

Социјалната осаменост најчесто се појавува кај луѓето кои имаат проблем со социјалните ситуации, најчесто поради срам, ниска самодоверба и слично. На овој проблем можете да му пристапите на неколку начини, во зависност од неговиот корен.

Доколку осаменоста е поради вашата срамежливост, обидете се да разговарате со другите, без разлика колку страшно и тешко ви изгледа тоа. Доколку имате ниска самодоверба, дружете се со луѓе кои ќе ве поддржуваат и кои ќе ве инспирираат.

Хронична осаменост

Хроничната осаменост се однесува на луѓе кои толку долго биле осамени, што сега тоа им е начин на живот. Доколку осаменоста станала дел од вас, може да биде потешко да се ослободите од неа. Хроничната осаменост најчесто произлегува од ситуациската, но може да трае многу подолго.

Доколку сте сфатиле дека ова е вашиот проблем, обидете се да се социјализирате повеќе. Доколку немате пријатели, обидете се колку-толку да разговарате со вашите колеги, соседи, соученици… Постепено ќе најдете луѓе чие друштво ќе ви годи и со текот на времето ќе се ослободите од осаменоста.

10-vidovi-osamenost-i-kako-da-se-spravite-so-niv-03.jpg

Осаменост после раскинување

Кога одеднаш ќе ја снема личноста којашто сте ја гледале секој ден, нормално е да се чувствувате осамено. Иако ова чувство може да биде навистина интензивно, важно е да знаете дека со текот на времето ќе се намали.

Во овој случај, најважно е да бидете зафатени со нешто. Не дозволувајте си по цели денови да седите дома и да се сожалувате. Важно е да прифатите дека врската завршила, но не и вашиот живот.

Уште 5 видови осаменост на следната страна...



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Бонтон правила што мора да ги следите на социјалните мрежи Не пишувајте навредливи коментари кои не би ги кажале во живо и подобро воздржет...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава