Археолог ги реконструира лицата на луѓе кои живееле пред илјадници години

Оскар Нилсон е шведски археолог и скулптор чија специјализација е реконструкција на човечки лица. Во 1996-та година тој ја отворил компанијата O.D. Nilssons која соработува со музеите ширум светот и им помага да ги реконструираат лицата на луѓето чии останки се пронајдени при археолошките ископувања.

arheolog-gi-rekonstruira-licata-na-lugje-koi-zhiveele-pred-iljadnici-godini-01.jpg

За неговите реконструкции тој користи 3Д печатени черепи направени според оригиналот, а за едно дело му се потребни и до 200 часа. Погледнете неколку од неговите реконструкции што овозможуваат да ѕирнете во минатото.

Кралицата од Хуармеј

Во 2012-та година, полските археолози откриле гробница во Перу. Гробницата била големо откритие за археолозите бидејќи била недопрена. Во неа се наоѓале остатоците од 58 жени благороднички на различна возраст, заедно со многу накит.

Една жена, која била наречена Кралицата од Хурамеј, била со значително повеќе накит и била погребана со сребрен пехар, бакарна церемонијална секира и скап текстил. Во тој период, текстилот бил повреден и од среброто и златото поради макотрпниот процес на изработка. Понекогаш биле потребни и 2 до 3 генерации за да се исткае.

arheolog-gi-rekonstruira-licata-na-lugje-koi-zhiveele-pred-iljadnici-godini-02.jpg

Жена од каменото време кое живеела пред околу 5.500 години

Оваа девојка умрела на 20 години и бил погребана со бебе на нејзините гради. Најверојатно, причината за смртта било тешкото породување. ДНК-та не е добро сочувана, но според другите гробници од тој период, се верува дека луѓето кои во тој период живееле во Брајтон, Велика Британија, не биле бели. Нивната кожа била слична како на модерните луѓе во Северна Африка.

arheolog-gi-rekonstruira-licata-na-lugje-koi-zhiveele-pred-iljadnici-godini-03.jpg

Жена неандерталец

Оваа жена живеела пред околу 45.000 години, а нејзините останки биле откриени во 1848-ма година во Гибралтар. За оваа реконструкција, археологот изјавил:

„Се прашував колку 'човечки' треба да изгледа. Сепак, неандерталците не биле хомосапиенс, но дојдов до заклучок дека би требало да има 'човечки' поглед. Според неодамнешните истражувања, Европејците делат околу 2-4% од нивната ДНК со неандерталците, па веројатно личеле многу на нас.“

arheolog-gi-rekonstruira-licata-na-lugje-koi-zhiveele-pred-iljadnici-godini-04.jpg

Примитивен неолит

Оваа реконструкција е направена со скелетна анализа и го претставува лицето на 25 до 40-годишен маж кој живеел пред околу 5.500 години.

arheolog-gi-rekonstruira-licata-na-lugje-koi-zhiveele-pred-iljadnici-godini-05.jpg

Викинг

Овој маж кој наводно бил шведски Викинг, живеел на почетокот на 11-тиот век. За прв пат за реконструкција на Викинг биле собрани доволно ДНК податоци, па сега се знае дека мажот имал црвена коса, сини очи и светла кожа. Умрел на 45-годишна возраст.

arheolog-gi-rekonstruira-licata-na-lugje-koi-zhiveele-pred-iljadnici-godini-06.jpg

Маж од железното време во Британија

Коските на мажот укажуваат дека живеел пред околу 2.400 години, но и дека имал добар живот. Бил силен и здрав, но како повеќето луѓе од тој период, умрел навистина рано – на возраст од 24 до 31 година.

arheolog-gi-rekonstruira-licata-na-lugje-koi-zhiveele-pred-iljadnici-godini-07.jpg

Тинејџерка која живеела пред 9.000 години

7.000 пред нашата ера живеела 18-годишната Авги. Остатоците се пронајдени во денешна Грција, а девојката сведочела на историскиот момент кога општествата почнале со технолошки изуми и ја започнале револуцијата во агрикултурата.

arheolog-gi-rekonstruira-licata-na-lugje-koi-zhiveele-pred-iljadnici-godini-08.jpg

Маж кој живеел пред 3.700 години во бронзеното време

Скелетот на овој маж покажал докази за неухранетост и анемија. Најверојатно умрел на возраст од околу 25 до 25 години.

arheolog-gi-rekonstruira-licata-na-lugje-koi-zhiveele-pred-iljadnici-godini-09.jpg

Маж од Британија од ерата на Саксонците

Овој маж умрел на околу 45-годишна возраст. Поради постојан апсцес, изгубил многу од неговите заби, како и дел од горната вилица. На неговото тело имало и траги од повреди кои укажуваат на насилство. Можеби мажот бил војник.

arheolog-gi-rekonstruira-licata-na-lugje-koi-zhiveele-pred-iljadnici-godini-10.jpg

 Извор

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава