Која беше целта на предизвикот со полевање со кофа ледена вода?

Сигурно се сеќавате дека пред пет години доста популарен беше предизвикот со кофа замрзната вода. Милиони луѓе ширум светот, помеѓу кои и многу познати личности, истураа ледена вода врз нив со цел да ја зголемат свесноста за амиотрофичната латерална склероза (АЛС). 

dali-predizvikot-so-polevanje-so-kofa-so-ledena-voda-vrodi-so-nekakvi-rezultati-02.jpg

Можеби дури и вие сте го прифатиле предизвикот, но дали сето ова вроди со некаков резултат?

Мало потсетување

Оние кои го прифатија предизвикот мораа да се снимаат додека тие или некој друг, врз нив истура кофа со ледено студена вода. Потоа тие „номинираа“ тројца други луѓе кои во рок од 24 часа требаше да го направат истото и да направат донација за Здружението за амиотрофична латерална склероза.

Воглавно, полевањето со вода беше како казна доколку не сакате да донирате, но токму тоа го направи предизвикот интересен и популарен.

Пред појавата на предизвикот, поголемиот дел од населението воопшто не беше свесно за постоењето на болеста која не им дозволува на заболените да одат, зборуваат, јадат, па дури и да дишат. Најпознатата личност со АЛС е физичарот Стивен Хокинг, кој за жал почина.

Но благодарение на кампањата, Здружението за АЛС успеало да собере милиони долари. Имено, предизвикот го прифатиле многумина и на социјалните мрежи се појавија над 17 милиони видеа, од кои дел беа од Бил Гејтс, Опра, Патрик Стјуарт, Тејлор Свифт и многу други познати личности.

Почеток на кампањата

Целта на полевањето со ледена вода беше учесниците во предизвикот на момент да се почувствуваат како луѓето кои имаат АЛС – студената вода го „парализира“ телото на неколку секунди.

Но, многумина не ја разбираа вистинската цел, па неретко се појавуваа видеа кои беа само за внимание. Доста луѓе коментираа и дека на некои видеа, водата воопшто не е доволно студена.

dali-predizvikot-so-polevanje-so-kofa-so-ledena-voda-vrodi-so-nekakvi-rezultati-03.jpg

Сепак, ги имаше и оние кои не бараа внимание и само донираа, но и оние кои правеа интересни видеа и донираа за Здружението. Без разлика која била целта на оние кои го прифатија предизвикот, факт е дека свесноста за болеста навистина се зголеми.

Резултати

Имено, луѓето кои учествуваа во предизвикот го започнаа најголемото движење во историјата на медицината и помогнаа во собирањето на 115 милиони долари за Здружението за АЛС. Во петте години од почетокот на предизвикот, Здружението потроши над 80 милиони од собраните средства за истражувања кои помогнаа во продолжување на животот на луѓето со АЛС.

Останатиот дел од средствата се искористиле за опрема како инвалидски колички и други помагала кои им го олеснуваат животот на заболените.

dali-predizvikot-so-polevanje-so-kofa-so-ledena-voda-vrodi-so-nekakvi-rezultati-04.jpg

Навистина е неверојатно што еден тренд кој се прослави на социјалните мрежи, што често беше мета на потсмев и се сметаше за незначаен, всушност направи огромна разлика и им даде надеж на оние кои страдаат.

Оваа кампања е доказ дека секое дело, без разлика колку мало, може да им помогне многу на оние кои им треба помош.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...

Најчитани неделава