20 знаци дека во животот ви оди подобро отколку што мислите

Можеби не сте задоволни од вашиот живот. Можеби мислите дека не сте постигнале ништо. Но, понекогаш е добро да обрнете внимание на ситниците што најчесто ги игнорирате. Токму овие работи кажуваат дека во животот ви оди многу подобро отколку што мислите.

20-znaci-deka-vo-zhivotot-vi-odi-podobro-otkolku-shto-mislite-01.jpg

Доколку се препознаете во следниве знаци, тогаш ви оди навистина добро:

1. Ги плативте сметките за овој месец, а можеби дури и ви останало нешто за заштеда.

2. Се сомневате во себе. Се сомневате во вашиот живот, а некои денови се чувствувате навистина мизерно. Ова значи дека сте отворени за развој.

3. Имате работа. Не е важно што е, важно заработувате ваши пари.

4. Имате време да правите нешто што сакате, дури и ако тоа е само гледање телевизија.

5. Не се грижите за вашиот следен оброк. Вo фрижидерот имате доволно храна.

6. Можете да јадете од задоволство. Храната не ви претставува луксуз.

7. Имате еден или двајца блиски пријатели. Можеби сте загрижени за бројот, но доволно ви е една личност којашто ви е вистински пријател.

8. Можете да си дозволите возење со автобус, одење на кафе или да ставите бензин за кратко патување.

9. Не сте истата личност од пред една година. Учите и постојано еволуирате.

10. Имате време и услови да правите нешта над минималните очекувања. Можеби сте биле на концерт, или пак сте си купиле нова книга. Без разлика со што, можете да си дозволите да се почастите.

20-znaci-deka-vo-zhivotot-vi-odi-podobro-otkolku-shto-mislite-02.jpg

11. Имате повеќе парчиња облека. Не ви е грижа дали ќе имате палто за оваа есен или чизми за оваа зима.

12. Знаете кога нешто не е во ред во вашиот живот. Свесни се за нештата што се случуваат околу вас.

13. Доколку можете да разговарате со вашата помлада верзија, сигурно ќе ѝ кажете дека сте го надминале тешкиот период.

14. Имате свој личен простор. Тоа не мора да биде куќа или стан. Доволно е да имате своја соба, или пак само еден агол што можете да го наречете ваш.

15. Сте изгубиле некои партнери. Но, сепак сте отворени кон можноста да најдете љубов.

16. Заинтересирани сте за нешто. Без разлика дали тоа е како да живеете подобар живот, како да ги одржете врските, без разлика дали се книги или филмови, постои нешто што го привлекло вашето внимание.

17. Знаете како да се грижите за себе. Знаете колку треба да спиете, што треба да јадете, со кого треба да разговарате…

18. Се движите кон некоја цел. Дури и ако сте преморени и навистина оддалечени, имате некаква цел што сакате да ја постигнете.

19. Но, сепак сте подготвени на сè. Знаете дека не можете да ја предвидите иднината и го извлекувате најдоброто од секоја ситуација.

20. Сте поминале низ навистина тежок период. Сега можете да се потсетите на тие предизвици и да сфатите колку сте всушност силни.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg