Неколку трикови за да го подобрите вашиот ден

Никој не е заштитен од лошите денови. Но не морате да го прифатите тоа и да се чувствувате беспомошно. Секогаш можете да направите нешто за да го подобрите лошиот ден и да го направите подобар. 

Nekolku raboti sto mozete da gi napravite da go podobrite vasiot den 01

На крајот на краиштата, тоа е само уште еден ден од вашиот живот.

Неколку работи што можете да ги направите да го подобрите вашиот ден:

Одморете се

Стресните ситуации започнуваат со мала непријатност, а потоа прераснуваат во вистински проблем. Пред да се снајдете, станувате премногу нервозни. Но ако навреме го прекинете стресот, вашиот лош ден ќе се подобри.

Секој пат кога ќе се најдете во стресна ситуација направете пауза. Искористете ја за дишење, за слушање на омилената песна или за читање на добра книга. Можеби ќе ве смири вежбање или трчање, или некој друг вид на физичка активност.

Ова е само уште еден лош ден

Еден лош ден не значи дека и деновите што доаѓаат ќе бидат лоши. Понекогаш веруваме дека првата лоша работа е знак дека доаѓаат полоши денови и полоши работи.

Така несвесно ја „превидуваме“ иднината и сметаме дека имаме „лоша среќа“. Треба да се смени овој негативен фокус во позитивен, или барем реален.

Обидете се да го најдете начинот како да го подобрите денот, наместо да се чувствувате беспомошно и да се жалите за вашата состојба.

Nekolku raboti sto mozete da gi napravite da go podobrite vasiot den 03

Променете ја хемијата на вашето тело

Лошото расположение и стресот предизвикуваат хемиски промени во вашето тело. Особено во вашиот мозок. Во овие состојби се активираат некои хормони, додека другите се инхибираат.

Не е лесно да се излезе од оваа состојба. Треба да направите нешто за да ја стимулирате и промените телесната хемија. Еден начин да го направите ова е да вежбате. Оваа вежба може да биде брза прошетка или рутинска јога. Или можеби танцување.

Движењето и физичката активност помагаат да се врати хемиската рамнотежа. Друга опција е да јадете здрава храна и да избегнувате одредена храна и пијалаци.

Nekolku raboti sto mozete da gi napravite da go podobrite vasiot den 02

Фокусирајте се на конструктивните работи

Секогаш можете да научите нешто од работите што ви се случуваат. Сè што треба да направите е да имате правилен став. Треба да го отворите умот и да се запрашате дали постои нешто што можете да го научите од она што ви се случило.

Исто така е важно да се размислува позитивно. Потсетете се на убавите спомени, ценете го доброто што ве опкружува. Бидете благодарни за сè.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...

Најчитани неделава