Ковчегот со божјите заповеди и уште 7 најмистериозни археолошки пронајдоци на Земјата
Мистериозните артефакти од минатото навистина можат да ѝ го привлечат вниманието на јавноста, најмногу поради тоа што е навистина лесно да си замислувате што значат и за што се користеле.
Денес во светот има безброј археолошки пронајдоци, но следниве осум се некои од најчудните.
Механизмот Антикитера
Овој артефакт е стар најмалку 2.000 години и е пронајден на потонат брод во Грција. Направата е направена од бронза и е составена од запчаници.
На почетокот се мислело дека е некој инструмент за навигација, но археолозите постојано откриваат нешто ново. Засега се знае дека овој механизам бил навистина прецизен астрономски календар.
Ова е најсофистицираната направа пронајдена од тој период, а други слични се забележани дури после 1.000 години.
Гробницата на Клеопатра
Клеопатра е последната од владетелите познати како Птолемеи кои владееле со Египет помеѓу 305-та и 30-та година п.н.е. За Клеопатра и нејзината убавина се знае многу, но нејзиниот гроб и денес е опкружен со мистерија.
Клеопатра и Антони извршиле самоубиство откако нивниот поранешен сојузник, Октавијан, ги победил во 31-ва година п.н.е. Двајцата биле закопани на место во близина на храмот на египетската божица Исис.
Сепак, точната локација на гробницата останува мистерија. Доколку некој сепак ја најде, големи се шансите да биде празна, бидејќи ограбувањето на гробови било чест „занает“ во минатото.
Гробницата на Ки Ши Хуанг
Во 1974-та година, фармерите од кинеската провинција Шаанкси го откриле едно до најголемите археолошки пронаоѓалишта на 20-тиот век – армијата од теракота со природна големина на императорот Ки Ши Хуанг.
Самите фигури не се мистериозни и познато е дека се направени за да го заштитат императорот во задгробниот живот. Но, она што не се знае е каде точно е закопан императорот и што би можело да има во неговата гробница.
Линиите Наска
Доколку ги гледате од Земјата, линиите Наска во Перу нема да ве воодушеват. Но доколку ги погледнете од воздух, ќе останете без зборови. Овие огромни ремек-дела прв па биле забележани од комерцијален лет во 1920-тите и 1930-тите.
Постојат стотици вакви цртежи на кои се прикажани геометриски форми, животни растенија и измислени фигури. Цртежите се направени пред околу 2.000 години, од страна на луѓето од цивилизацијата Наска.
Намената на овие цртежи останува мистерија, па инспирира безброј теории на заговор. Најверојатно линиите се еден вид комуникација на луѓето Наска со нивните богови.