Вода за пиење, текила, слободни гробни места - што може наскоро да снема од планетата?

Брзиот раст на светската популација, климатските промени, големата побарувачка на храна, производството и економската криза го ставаат светот во состојба на недостиг на одреден број на критични работи за човештвото.

Sto-moze-naskoro-da-snema-od-planetata-01.jpg

Некои од овие работи, како што се водата, земјата и антибиотиците, се навистина работи без кои не можеме да преживееме, но некои се само секојдневни работи на кои сме се навикнале, а кои не се од животна важност.

Важноста да се зачувуваат ресурсите и истите да се реупотребуваат, не била никогаш поголема од сега. Веќе почнуваме насекаде да ги гледаме и чувствуваме резултатите на глобалното затоплување, а нашиот ненаситен апетит за работи може само да ја влоши ситуацијата, доколку не преземеме некои мерки.

Затоа бидете спремни да си набавите поголеми количини од работите на списокот, бидејќи ако не ги снема, тогаш сигурно ќе бидат многу скапи:

Противотров за каснување од змија

Според „Доктори без граници“, светските резерви на противотровот за 10 различни видови на афрички змии, се на многу ниско ниво, а препаратот е многу скап за да се продолжи со производство.

Sto-moze-naskoro-da-snema-od-planetata (1).jpg

Чиста вода за пиење

2,8 милијарди луѓе веќе живеат со недостаток од вода, од кои речиси една милијарда немаат воопшто пристап до чиста вода за пиење. Климатските промени, зголемената побарувачка и сушите ја прават оваа ситуација уште посериозна.

Sto-moze-naskoro-da-snema-od-planetata (2).jpg

Квалитетна почва

Квалитетната почва се троши побргу отколку што можеме да произведеме. Лошото менаџирање во земјоделството, диетите ориентирани кон месо, сушните периоди и неодржливото производство доведуваат до тоа многу брзо да се троши плодната почва.

Експертите велат дека имаме уште само неколку декади пред целосно да стане неупотреблив горниот дел од почвата.

Sto-moze-naskoro-da-snema-od-planetata (3).jpg

Антибиотици

На здравството му се заканува недостаток од антибиотици коишто може да ги убијат бактериите отпорни на лекови. Сегашните лекови се до таа мера преупотребувани што веќе не се ефикасни, а процесот за развој на нови лекови е долг и скап за фармацевтските компании.

Sto-moze-naskoro-da-snema-od-planetata (4).jpg

Сардини

Сардините отсекогаш биле кревка риба, која пати од удари. Но, сегашниот претеран риболов, промената на температурата во Тихиот Океан и намалената репродукција на рибата, го доведува опстанокот на целата популација сардини во прашање.

Sto-moze-naskoro-da-snema-od-planetata (5).jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Некогаш vs. денес: Колку се промени светот во само неколку години, низ илустрации? Кога бевме мали родителите нè молеа да се прибереме од улица, но сега мајките и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg