30 знаци дека се трудите премногу и можеби изгледате очајно од страна

Дали чувствувате потреба да се вклопите некаде по секоја цена како и константен притисок да бидете „најдобрата можна верзија од себеси“?

30-znaci-deka-se-trudite-premnogu-01.jpg

Можеби премногу време поминувате на друштвените мрежи споредувајќи се со нечии туѓи искуства и животи кои ве оставаат исцрпени и несреќни? 

Или пак вие сте оние кои го прикажуваат својот живот малку посовршен одошто вистински е…

Во секој случај, доколку се пронајдете во некој од следниве 30 знаци, значи дека се трудите премногу, а тоа понекогаш изгледа очајно:

 1. Постојано постирате работи на друштвените мрежи, со цел да им покажете на другите колку добро умеете да се забавувате. Често пати го употребувате хаштагот #blessed.

 2. Постојано се обидувате да ги надвикате сите и да бидете најгласната личност во просторијата, бидејќи за вас вниманието = среќа.

 3. Повторувате шеги кои првиот пат не сте ги кажале успешно, бидејќи сакате сите да уживаат во вашиот „хумор“.

 4. Објавувате фотки и видеа каде што прикажувате екстремно емоционални реакции. На пример, како хистерично плачете, се смеете или пак се нервирате.

 5. Купувате скапа гардероба која не можете да си ја дозволите, само затоа што сакате да оставите добар впечаток и да предизвикате завист кај другите луѓе.

 6. Се согласувате со сè што ќе кажат другите луѓе. Секогаш. Секаде. Согласни. Само затоа што не сакате конфликти, но уште повеќе – сакате да сте апсолутни омилени во секое друштво.

 7. Постојано барате потврда од другите околу вас дали изгледате добро, дали квалитетно сте ја сработиле работата, дали сте успешни, интелигентни, убави.

 8. Кога некој не ви одговорил на пораката, во состојба сте да напишете 10 пораки или да заѕвоните неколку пати едно по друго, бидејќи не ви е јасно зошто некој не ви враќа на напишаното или повикот.

 9. Користите зборови за кои не сте сигурни што точно значат, но сакате да делувате посериозно и елоквентно и да ги импресионирате другите.

10. Вие сте од оние луѓе што постојано споделуваат детали од својата врска, вклучувајќи и фотки со бакнувања, гушкања, итн. Сакате сите да знаат колку е совршена вашата врска. За жал, секоја двојка која пати по ваков тип на внимание, најчесто има прилично токсична врска.

11. Одбивате сечија помош, бидејќи вие можете сè и вие знаете најдобро.

12. Се смеете навистина, ама навистина ПРЕМНОГУ гласно.

13. Се извинувате доколку шегата содржи некои експлицитни, безобразни детали, иако сите на масата се зрели, полнолетни луѓе.

14. „Случајно“ споделувате колку пари сте потрошиле на патувањето, новиот пар чевли, часовникот или последниот ручек.

15. Не ја оставате најдобрата другарка или другар „да дишат“ без постојано да го пикате носот во нивната работа.

16. Немате изграден став речиси за ништо и се обидувате да се претставите како некој што не се заморува со ситници (а напротив, обратното е).

17. Кога ? го ? ставате ? ова ? емоџи ? помеѓу ? секој ? напишан ? збор.

18. Сакате да си ги зачинувате приказните со интересни детали кои најчесто не се вистинити. Кога пријателите ве откриваат дека лажете и ве соочуваат, вие сè уште не ја менувате приказната.

19. За вас сè во животот е натпревар. Дури и најбаналните работи како прошетката во паркот, вие сте во состојба да ја претворите во брзо одење и да стигнете први до замислената цел.

20. Моментот кога си ги „лајкнувате“ сопствените објави и фотографии.

21. Глумите незаинтересираност и покажувате омраза кон секојдневните, популарни работи кои ги сака општеството, само затоа што сакате да бидете „поразлични“.

22. Кога очајно се обидувате да привлечете внимание, со прегласно зборување, плескање раце, удари по масата итн.

23. Непрестајно објавувате работи на друштвените мрежи, како воопшто да не спиете навечер.

24. Кога објаснувате нешто некому и по секоја цена сакате да се согласи со вас. „Ама нели сум во право? АМА НЕЛИ?!“

25. Се смеете на туѓите шеги, дури и на оние кои не ви се смешни и сметате дека се неинтелигентни.

26. Кога се обидувате да лоцирате некого и почнувате да му пишувате на секоја друштвена мрежна, почнувајќи од Фејсбук и Инстаграм и завршувајќи на Твитер.

27. Постојано сакате да сте подобро облечени од сите други. Дури и на најобични настани како качување на Водно, вие сте во мини црн фустан и потпетици.

28. Кога некој не ви е по ќеифот, по секоја цена сакате да го претставите да изгледа лошо, со цел сите други да го замразат исто колку и вие.

29. Се обидувате да се вклопите во сечие друштво и во различни опкружувања. Како камелеон го менувате начинот на зборување, бојата на гласот и магично се менуваат и вашите интереси.

30. Глумите. Глумите дека имате премногу драма во животот, дека „тоа може да ви се случува само вам“, дека сте преуморни, преоптоварени, премногу уникатни и дека никој не може да ве разбере. Кога вистината е дека сте сосема обичен човек, со проблеми какви што ги имаат сите други околу вас.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg