Како мозокот нé наведува да ги правиме работите за кои ретко размислуваме?

Мозокот е клучниот дел од нашите животи. Тој е одговорен за сè што правиме, од способност за размислување до контрола на мускулите.

kako-mozokot-ne-naveduva-da-gi-pravime-rabotite-za-koi-retko-razmisluvame-001.jpg

Но, што е со оние работи што мозокот ги прави без нашето свесно размислување? Како мозокот нé наведува да ги правиме работите за кои ретко размислуваме?

Мозокот ги филтрира информациите

Знаеме дека секоја секунда стануваме преплавени со информации. Постојат толку многу информации што е едноставно невозможно да се регистрираат сите. Мозокот постојано работи на филтрирање на информации за кои не сме свесни.

Ова ни овозможува да го насочиме вниманието кон информациите што ни се значајни. На пример, ако гледате фудбал, веројатно не сте свесни за тоа што се случува во публиката, иако мозокот ги прима овие информации.

Овој процес се нарекува селективно внимание и служи за да нè оддалечи од количината на информации со која обично сме бомбардирани. Но некои информации сè уште успеваат да ги пробијат бариерите на нашиот фокус.

Еден таков пример е кога некој ќе го спомне нашето име во разговор, дури и кога не учествуваме во разговорот.

Kako mozokot ne naveduva da gi pravime rabotite za koi retko razmisluvame 02

Нé залажува дека сме подобри

Замислете дека вашето дете навистина сака да биде уметник и да ви донесе ужасен цртеж на кој е многу гордо. Што ќе му кажете? Повеќето родители ќе го пофалат цртежот, дури и ако самите не веруваат во она што го велат.

Меѓутоа, кога детето ќе порасне и ќе го види овој цртеж, ќе биде изненадено што некогаш го сметало за добар.

Позитивните повратни информации ни даваат доверба дека се вклопуваме во опишаните критериуми. Тоа го менува начинот на кој се гледаме себеси и почнуваме да мислиме дека сме подобри отколку што навистина сме.

Kako mozokot ne naveduva da gi pravime rabotite za koi retko razmisluvame 03

Ја регулира температурата

Не само што мозокот ги контролира нашите општествени процеси, туку ги регулира и процесите во телото, како што е температурата. За нашето здравје е важно да ја задржиме нашата температура на 37 целзиусови степени.

Тогаш се создаваат совршени услови за организмот да ги извршува процесите што нé одржуваат функционални. Но како мозокот успева да ја задржи температурата константна, без воопшто да размислува за тоа?

Сензорните рецептори во кожата ја откриваат нашата надворешна околина. Овие информации патуваат низ нервниот систем до хипоталамусот во мозокот. Постојат и рецептори во крвта кои го предупредуваат хипоталамусот дека внатрешната телесна температура се менува.

На пример, кога надвор е студено, мозокот ќе им испрати сигнали на влакната на телото да се накострешат. Ова ќе предизвика загревање на телото.

Kako mozokot ne naveduva da gi pravime rabotite za koi retko razmisluvame 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Дигитални номади“ за тешката страна на нивниот живот: „Убаво е само ако имаш многу пари“ „Повеќето од нас се осамени бидејќи односот со луѓето што ги запознаваме е генер...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...

Најчитани неделава