Како изгледаат највкусните вегетаријански јадења ширум светот?
Можеби некогаш било вистински предизвик да се биде вегетаријанец, но денес постојат многу јадења без месо.
Многу држави ширум светот имаат вегетаријански традиционални јадења. Исто така, постојат и вегетаријански верзии на многу традиционални јадења со месо. Но без разлика какво е потеклото на овие јадења, сите имаат одличен вкус.
Погледнете како изгледаат некои од највкусните вегетаријански јадења ширум светот.
Dal bhat tarkari од Непал
Ова традиционално јадење од Непал содржи леќа, ориз, зеленчук и кисели краставички. Она што го прави јадењето уникатно е што нема еден рецепт.
Иако главните состојки воглавно се исти, секоја област во државата користи различни зачини и различен зеленчук.
Soondubu jjugae од Кореја
Ова е еден вид супа со тофу, а токму тофуто му дава кремаста структура на јадењето.
И овој рецепт е прилагодлив и можете да најдете десетици различни рецепти. Некои верзии не се вегетаријански и можат да содржат морски плодови или месо.
Mujaddara од Либан
Карамелизираниот кромид е она што му го дава неверојатниот вкус на ова јадење со ориз и леќа.
Рецептот за mujaddara се пренесува од колено на колено и секое домаќинство си има своја верзија.
Понекогаш ова јадење се служи како прилог со месо.
Chana masala од Индија
Ова е можеби најдоброто вегетаријанско јадење од Индија. Се прави со наут, домати и многу зачини.
Во многу продавници во Индија се продава специјална мешавина од зачини, само за ова јадење.
Shiro wat од Етиопија
Ова е оброк богат со протеини, а се прави со наут и грав. Најчесто се служи со injera – традиционално безглутенско лепче од Етиопија. Лепчето е тенко, со сунѓереста текстура и неретко храната се јаде со него, наместо со прибор.